Четврт модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

8 октомври 2023 | Соопштенија

Викендов во Дојран се одржа четвртиот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование на тема „Геополитички импликации на војната во Украина: улогата на ЕУ и НАТО во регионот на Западен Балкан“, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Северна Македонија.

На четвртиот модул поздравни обраќања и завршни согледувања имаа проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Даниела Поповска, член на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и координатор на проекти при Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Северна Македонија.

За актуелните безбедносни предизвици и перспективи на Северна Македонија и регионот во време на војната во Украина, се обрати помошникот на директорот на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија.

Пред учесниците на четвриот модул на Школата за политики денеска се обрати шефот на делегацијата на Европската унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, кој говореше на тема „Предизвици на политиките за проширување на ЕУ – реалност наспроти очекувања“.

Професорите Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет- УКИМ, Стефан Сурлиќ од Факултет за политички науки – Белград  и Јоргос Кристидис од катедрата за балкански, славистички иориентални студии при Универзитет „Македонија“ во Солун, одржаа предавања на тема „Билатерални договори во регионот – привремени решенија или трајно решавање на долготрајни отворени билатерални спорови“.

Учесниците на четвртиот модул имаа можност да дискутираат и за регионалните спорови во склоп на процесот на европската интеграција на регионот, која беше и тема на која се обрати Зоран Нечев од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје.

За местото и значењето на ефективниот мултилатерализам во време на глобални предизвици, пред учесниците говореше амбасадорот Пајо Авировиќ, специјален пратеник на претседателот при Постојаниот совет на Меѓународната организација на Франкофонијата и директор на Директоратот за мултилатерални односи и безбедносна соработка во Министерството за надворешни работи.

Воедно, учесниците на модулот беа вклучени во работилницата „Кинеското влијание во Западен Балкан: Лост или кочница во приближувањето кон ЕУ?“, која ја водеше Ана Крстиновска од НВО „ЕСТИМА“.

Школата за политики се одржува трета година по ред, во соработка со партнерските фондации и организации кои се дел од Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование: фондацијата „Фридрих Еберт“ за Северна Македонија, Меѓународниот републикански институт (ИРИ), фондацијата „МК2025“, фондацијата „Конрад Аденауер”, фондацијата за демократија на Вестминстер во Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ).

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...