75 години од воспоставувањето на програмата „Фулбрајт“

4 јуни 2021 | Aктивности, Соопштенија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска се одбележа 75-годишнината од воспоставувањето на програмата „Фулбрајт“, во рамки на која, учествувале околу 400 илјади луѓе од целиот свет.

Истакнувајќи дека во изминативе децении програмата им овозможи професионален и личен развој на 298 македонски граѓани, Претседателот Пендаровски рече дека потребни ни се личности коишто ќе придонесуваат за развојот на општеството и на државата во сите области.

„Со „Фулбрајт“ и со другите меѓународни програми имаме додадена вредност и јасно можеме да ги видиме резултатите од инвестирањето во човечкиот капитал. Како земја која не е високо индустриски развиена, нема идеална географска положба и премногу природни ресурси кои ќе овозможат брз економски раст, мораме да се потпреме на нашите човечки ресурси. А тоа подразбира да овозможиме на позициите на кои се решава за квалитетот на нашите животи да дојдат најспособните, најобразованите, највештите, најмудрите и се разбира најморалните меѓу нас“, рече претседателот Пендаровски.

Како една од учесничките во „Фулбрајт“, сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, рече дека програмата не нуди само можност за професионално усовршување и стекнување знаење, туку и можност за запознавање различни култури, различни филозофии на живеење, комуникација и споделување искуства со луѓе со богато професионално, но пред се со огромно човечко и животно искуство.

„Гордост е да се биде дел од големото семејство на учесници во програмата „Фулбрајт“. Тоа е семејство на луѓе од различни меридијани, на луѓе од различни нации, различни вери, различни професии, различни интереси, но она што е заедничко за сите е посветеноста, желбата за усовршување и истражување, стремежот за подобро и поубаво, бидејќи сите ги води максимата: „Scientia vincere tenebras“ или „науката ја победува темнината“, рече во обраќањето Ѓоргиевска.

Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска пред неколкуте присутни алумнисти на „Фулбрајт“ истакна дека во програмата досега учествувале 39 шефови на држави и влади, како и 60 добитници на Нобелова награда.

„Кога во 1946-тата година, претседателот Труман го потпишува визионерскиот акт за воспоставување на програмата „Фулбрајт“, никој не можеше да замисли дека и денес, по 75 години, не само што оваа програма ќе продолжи да постои, туку и ќе се проширува секојдневно, дека ќе функционира глобално во повеќе од 160 држави од светот“, додаде Ѓоргиевска.

На одбележувањето на 75-годишниот јубилеј на програмата „Фулбрајт“ во коорганизација со Амбасадата на САД, се обратија и амбасадорката Кејт Мери Брнс, министерката за образование и наука, Мила Царовска, а преку видео-порака се обрати и Маријана Крејвен, в.д. заменик-помошник државен секретар за академски програми во Бирото за образовно-културни работи на Стејт Департментот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...