Предавање на акредитивните писма од страна на Мирваис Самади, новоименуваниот амбасадор на Авганистан за Северна Македонија

11 февруари 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видео-врска со Мирваис Самади, новоименуван амбасадор на Исламската Република Авганистан за Република Северна Македонија, со седиште во Атина, по повод предавањето на акредитивните писма кои, поради пандемијата на Ковид-19, ги достави по писмен пат.

Упатувајќи честитки за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на промовирањето на позитивна агенда за соработка меѓу двете држави и изрази очекување дека ангажманот на новоименуваниот амбасадор ќе даде значаен придонес за продлабочување на политичките односи.

„Северна Македонија е и ќе биде сигурен партнер на Авганистан во нивните напори за просперитет на земјата и благосостојба на граѓаните“, порача претседателот Пендаровски и истакна дека нашата држава, како учесник во ИСАФ мисиите на НАТО до 2014-та, но и до денес со придонесот во мисијата „Одлучна поддршка“ ја потврдува својата посветеност за одржлив мир и развој на Авганистан.

Соговорниците разменија мислења за спроведувањето на мировните преговори со талибанците, во согласност со договорот од 29-ти февруари минатата година, поздравувајќи ги напорите на Авганистан за постигнување мир и стабилност во земјата и во регионот.

Посакувајќи му успех во извршувањето на одговорната должност, претседателот Пендаровски му искажа поддршка на амбасадорот на Авганистан, Самади.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Почитуван Претседател на Генералното собрание, Почитувани шефови на држави и на влади, Почитуван Генерален секретар, Дами и господа, Ми причинува особена чест и големо задоволство, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да се обратам од говорницата на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Стево Пендаровски вчера во Њујорк оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол. На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за...

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера го посети Њу Џерси. Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, претседателот Пендаровски го...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на...