Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Австрија, Мартин Памер

1 август 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Мартин Памер, новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија.

Во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски нагласи дека Република Северна Македонија и Република Австрија веќе три децении градат пријателски и партнерски односи и дека е постигнат успешен развој на билатералните односи и соработката речиси во сите сфери од заемен интерес.

Претседателот изрази задоволство од силната и недвосмислена поддршка на Австрија во контекст на нашиот најзначаен надворешно-политички приоритет, да станеме полноправна членка на Европската Унија, за поддршката во актуелниот ЕУ скрининг-процес, како и за чекорите кои ги преземаме за исполнување на обврските преземени од истиот.

Констатирајќи дека Република Австрија е еден од најважните економски и трговски партнери, како и прв странски инвеститор во нашата земја, претседателот Пендаровски посочи дека присуството на бројните австриски компании на пазарот во Северна Македонија и честите бизнис-контакти, како и активностите на Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје дополнително придонесуваат за зближување на нашите држави и народи.

Во своето обраќање, Претседателот го изрази и задоволството за поддршката на Република Австрија кон нашето претседавање со ОБСЕ, кое се одвива во период на многу сложени геополитички околности и безбедносни ризици за поширокиот регион, во време на руската воена агресија врз суверена Украина.

Претседателот изрази надеж дека за време на мандатот на новоименуваниот австриски амбасадор ќе бидеме сведоци на активна и плодотворна агенда во насока на развивање на меѓусебните односи во сите сфери на билатералната соработка.

Новоименуваниот амбасадор на Австрија, Мартин Памер во своето обраќање посочи на бројните билатерални посети на високо ниво во изминатите години како јасен израз за одличните и срдечни односи меѓу двете земји во многу области, како и потврда на заедничките вредности и стратешки интереси. Амбасадорот Памер истакна дека Австрија била и останува цврсто определена за активна, непрекината и силна поддршка на Северна Македонија на нејзиниот европски пат исполнет со предизвици и изрази увереност дека следните потребни чекори ќе бидат успешно постигнати, како и сите други претходно.

Австрискиот амбасадор рече дека од независноста, а особено последниве неколку години, Северна Македонија направи многу важни компромиси при што ги наведе Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција. Тој посочи дека во Австрија се свесни за овие храбри чекори и изрази уверување дека сите политички засегнати страни во земјата, ќе продолжат да ја одржуваат оваа култура на компромис.

Амбасадорот Памер нагласи дека нашите млади луѓе заслужуваат да станат дел од Европската Унија и да ги искусат придобивките и потенцијалот што таа ги нуди и додаде дека проширувањето и брзото пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија е од заеднички интерес и е прашање на убедување.

Новоименуваниот австриски амбасадор ги нагласи и блиските економски односи меѓу двете земји и притоа ја потенцираше одличната позиција на австриските компании во Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Памер му посака многу успех и добро здравје во извршувањето на одговорната функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...