Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер

29 август 2024 | Соопштенија

 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, што се одржа во Вила Билјана во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во тридецениската историја на дипломатски односи, со заеднички напори, двете држави изградија динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области, а како резултат на тие заеднички напори, нашата земја, денес, во Француската Република несомнено гледа голем пријател и искрен сојузник во процесот на нашите европски интеграции.  Во таа насока, Претседателката изрази благодарност за француската континуирана поддршка којашто е особено зајакната во изминатите години, а која што ќе продолжи да претставува значаен поттик за наша силна посветеност во спроведувањето на реформите во земјата.

„Нашата земја заслужува да ги отпочне преговорите за пристапување во ЕУ без натамошно одложување. Подготвени сме да го преземеме својот дел од задачата за иднината на Европа, ширејќи ја нашата визија за отворен пристап кон европските партнери, заснован на определбата за пријателство, широка соработка, меѓусебно почитување и искрен пристап во односите. Тука, немаме сомнежи дека нашите француски пријатели безрезервно ќе ѝ помогнат на нашата држава да стане дел од европското семејство, чин што ќе отвори ново поглавје во нашата историја, ќе донесе нова енергија кај македонските институции и граѓани, ќе подигне нов бран на посветено себевложување за европската идеја“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нашата подготвеност за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, особено  за интензивирање на економските односи меѓу двете земји.

Амбасадорот Ле Риголер, во своето обраќање на церемонијата, истакна дека неговата мисија во нашата држава е со двојно значење, да обезбеди континуитет во поддршката на Франција за нашиот европски пат и реформскиот процес, како и за унапредување на човечките и културните односи кои ги обединуваат двата народа. Во насока на продлабочување на билатералните односи, амбасадорот Ле Риголер истакна дека се значајни интензивирањето на политичките размени и спроведувањето на конкретни и структурни економски проекти кои се корисни за целокупното македонско население.

Нагласувајќи дека Франција безусловно го поддржува политичкиот процес за европска интеграција на земјите од Западниот Балкан, а особено на нашата земја, амбасадорот Ле Риголер рече дека овој европски пат е заедничка обврска, колективна неопходност и заедничка судбина.

„Нашата поддршка не е само политичка. Таа поддршка е и практична, која сè повеќе се зајакнува, за да се помогне во реформскиот процес кој е во тек. Спремни сме да го споделиме нашето искуство и нашата експертиза насекаде како тоа би ви било корисно“, истакна амбасадорот Ле Риголер.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Кристоф Ле Риголер му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа. За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО...

Сиљановска-Давкова го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис

Сиљановска-Давкова го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на државата. Соговорниците го поздравија отворањето на дипломатското...

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО: Заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО: Заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори  и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. [gallery...

Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото

Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата. За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат...

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“

Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во...