Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Кореја, Бае Џонгин

10 ноември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Бае Џонгин, новоименуваниот амбасадор на Република Кореја во Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма истакна дека со воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, пред двете пријателски земји се отворија значајни можности за унапредување на соработката во сите области од заеднички интерес и притоа го потенцираше нашиот интерес за јакнење на економските врски, но и соработката во областа на културата, образованието, науката, туризмот. Претседателот рече дека денес, Република Северна Македонија и Република Кореја споделуваат и се залагаат за исти вредности на демократијата и функционалниот мултилатерализам. Посочи дека вреднувањето на човековите права и слободи, мирот и стабилноста, се вредности коишто се длабоко врежани во колективната меморија на нашите народи и додаде дека тоа создава одлични основи за натамошно продлабочување на врските, без оглед на географската оддалеченост на двете држави.

Амбасадорот на Република Кореја, Бае Џонгин во своето обраќање нагласи дека заедничката посветеност на демократските вредности претставува цврста основа за проширување на соработката меѓу двете држави и изрази надеж за зајакнување на економските врски во областа на трговијата, инвестициите, автомобилската индустрија, енергијата и напредната технологија. Тој рече дека првични чекори се веќе преземени, а како пример го наведе заедничкиот проект меѓу царинските служби и притоа изрази надеж за спроведување слични проекти следната година, користејќи ги како отскочна штица за унапредување на односите. Амбасадорот Џонгин рече дека зголемен акцент ќе стави и на промовирањето на корејската култура во Република Северна Македонија и го најави отворањето на Почесен конзулат на Република Кореја во Скопје, за кој рече дека ќе има клучна улога во зајакнувањето на билатералните односи.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Џонгин му посака успех во извршувањето на одговорната мисија и изрази увереност дека во вршењето на неговите дипломатски должности ќе ужива целосна поддршка од нашите државни институции.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...