Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Источна Република Уругвај, Алберто Антонио Родригез Гоњи

18 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Алберто Антонио Родригез Гоњи, новоименуваниот амбасадор на Источна Република Уругвај, со седиште во Букурешт.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека и покрај географската оддалеченост на двете држави и нивната припадност на различни региони, постои заемен интерес за посеопфатна соработка, при што посочи дека постои потенцијал за натамошно унапредување на меѓусебните односи за доброто на граѓаните на двете земји. Претседателката изрази уверување дека во наредниот период ќе се отворат дополнителни можности за поангажирана заедничка работа во откривање нови области за соработка, како и за размена на искуства за натамошно надоградување на билатералните односи и нивно збогатување со нови содржини.

Амбасадорот на Источна Република Уругвај, Алберто Антонио Родригез Гоњи во своето обраќање ја истакна подготвеноста и посветеноста за унапредување на билатералните односи, за јакнење на соработката во секој можен аспект, вклучително и политичките мултилатерални активности, како и соработката во економијата и трговијата, посочувајќи дека културните и контактите меѓу луѓето нудат одлични можности за заедничкото разбирање меѓу двете држави.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Алберто Антонио Родригез Гоњи му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф

Средба на Сиљановска-Давкова со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го...

Сиљановска-Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет!

Сиљановска-Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет!

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје. [gallery...

Одговори на новинарски прашања по отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје

Одговори на новинарски прашања по отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје

Новинарско прашање: Колку е значајно отворањето на вакви центри за самата општина и дали може да очекуваме низ целата држава да се прошири оваа иницијатива? Претседателката Сиљановска-Давкова: Особено сум среќна, бидејќи идејата ми беше одамна позната. Навистина „Во...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“

Претседателката, д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен...

Средба на Сиљановска-Давкова со Зоран Стевановиќ, претседател на словенечкиот Државен Збор

Средба на Сиљановска-Давкова со Зоран Стевановиќ, претседател на словенечкиот Државен Збор

Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Љубљана оствари средба со претседателот на словенечкиот Државен Збор, Зоран Стевановиќ, кому му го честиташе стапувањето на функцијата. Сиљановска-Давкова ја...