Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новите амбасадори на Австралија и Саудиска Арабија

14 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Австралија и на Кралството Саудиска Арабија во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новиот амбасадор на Австралија, со седиште во Белград, Даниел Емери, претседателот Пендаровски истакна дека двете држави ги поврзува традиционално пријателство и меѓусебно разбирање изразувајќи уверување за натамошно посеопфатно и посодржинско развивање и унапредување на севкупните односи особено во областа на економијата преку искористување на потенцијалите на двете земји и идно присуство на австралиски инвеститори во Република Северна Македонија.

„Во оваа смисла, свој придонес дава и бројната дијаспора по потекло од нашата држава во Австралија, која е дополнителен мост за јакнење на нашата меѓусебна комуникација и унапредена соработка во културата, образованието, науката и технологијата“, истакна претседателот Пендаровски.

Говорејќи дека двете земји споделуваат многу вредности и цели, вклучително и поддршката за демократското владеење, човековите права, мирот и просперитетот на регионот, поткрепени со меѓународното владеење на правото, австралискиот амбасадор додаде и дека Австралија е долгогодишен и посветен партнер на НАТО, така што ова ќе биде уште една платформа за заедничка работа.

„Австралија го поздравува и поддржува импресивниот напредок на Северна Македонија на патот кон членството во Европската Унија. Ние ја гледаме ЕУ како клучен политички и економски чинител, вклучително и во нашиот индо-пацифички регион, кој споделува заеднички вредности со Австралија“, рече амбасадорот на Австралија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новиот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана, Фаисал Гази Исмаил Хифзи, претседателот Пендаровски истакна дека односите меѓу двете земји се темелат на заемно пријателство и меѓусебно разбирање што претставува солидна основа за нивно натамошно унапредување.

„Во таа насока, дозволете ми да ја истакнам нашата искрена подготвеност за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес. Ве уверувам дека ќе продолжиме со сите неопходни активности и иницијативи за постигнување на овие цели“, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорот на Саудиска Арабија истакна дека е длабоко почестен што ја претставува својата земја како нов амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Република Северна Македонија.

„Би сакал да ја потврдам мојата заложба дека ќе вложам максимални напори за натамошно развивање на соработката и добрите односи меѓу нашите две земји и народи“, рече амбасадорот на Саудиска Арабија.

Претседателот Пендаровски на новите амбасадори на Австралија, Даниел Емери и на Кралството Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...