Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Бангладеш

7 јули 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Народна Република Бангладеш, со седиште во Букурешт, Шахназ Гази.

Сиљановска-Давкова очекува проширување, јакнеење и продлабочување на меѓусебната соработка. Таа укажа на потребата од зголемување на економската и трговска размена, како и намалување на хроничниот дефицит на македонска страна.

Претседателката, исто така, упати на поголема соработка меѓу стопанските комори во Скопје и во Дака, како и на потребата од креирање правна рамка за регулирање на соработката.

Амбасадорката Гази ја релативизираше  географската оддалеченост, истакнувајќи ја важноста на почитувањето на суверенитетот, соживот во мултикултурниот амбиент и силната верба во мултилатерализмот во меѓународните односи.

Таа високо ја цени македонската посветеност на мирот, како и нашата проактивна улога во поттикнувањето соработка и стабилност на Балканот, поздравувајќи го ангажманот во НАТО и посакувајќи ни членство во ЕУ.

Сиљановска-Давкова изрази увереност дека со своето богато дипломатско искуство, амбасадорката Гази, ќе даде значаен придонес во интензивирање на соработката, посакувајќи и успешен мандат и ветувајќи нејзина целосна поддршка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...