Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Федеративна Република Бразил, Пауло Роберто Кампос Тарисе да Фонтура

7 март 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Пауло Роберто Кампос Тарисе да Фонтура, новоименуваниот амбасадор на Федеративна Република Бразил во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази убедување дека постои заедничка желба, како и голем потенцијал за развивање на меѓусебните односи и посочи дека отворањето на нашата амбасада во Бразилија во 2016 година јасно ја покажа искрената желба за унапредување на севкупната соработка со Федеративна Република Бразил. Претседателот рече дека Северна Македонија и Бразил ги споделуваат основните вредности, како почитување на владеењето на правото и човековите права, загриженост за климатските промени, посветеност кон демократијата, слободната трговија и пазарната економија и во тој контекст искажа задоволство од соработката во меѓународните организации. Претседателот Пендаровски упати честитки за бразилското претседавање со Г-20 и посака успех во реализирањето на  приоритетите што ќе се разгледуваат во тие рамки, како што се борбата против гладот, сиромаштијата и нееднаквоста, трите димензии на одржливиот развој, реформата на системот на ОН и на меѓународните финансиски институции, како и ревитализацијата на Светската трговска организација.

Амбасадорот Пауло Роберто Кампос Тарисе да Фонтура во своето обраќање рече дека Северна Македонија е земја со која Бразил споделува заеднички вредности, особено вербата во дипломатијата и мирното решавање на недоразбирањата и почитувањето на владеењето на правото и посочи дека нашата земја му докажа на светот дека дипломатијата е најдобрата алатка за решавање на споровите и дека дијалогот и меѓусебното разбирање можат да доведат до посакуваниот просперитет, мир и човечки развој. Бразилскиот амбасадор во говорот најави дека ќе биде посветен на стимулирање на туризмот и културните односи меѓу Бразил и Северна Македонија, а дополнително ќе се истражуваат областите за соработка, како што се земјоделството, инвестициите, нормите и регулативите. Тој искажа намера дека ќе ги продолжи напорите за промовирање на поголем дел од меѓусебното знаење и разбирање надвор од програмите за размена на додипломски и постдипломски студии кои ги нудат бразилските универзитети во сите научни области.

Претседателот Пендаровски на бразилскиот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната мисија и изрази очекување дека неговото досегашно дипломатско искуство значајно ќе придонесе за збогатување на пријателските односи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...