Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан, Руслан Казакбаев

26 март 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Киргистанската Република, со седиште во Анкара, Руслан Казакбаев.

На церемонијата на предавање на акредитивите, амбасадорот Казакбаев изрази сочувство по повод трагедијата во Кочани. Тој истакна дека ќе вложи максимални напори за зајакнување и развивање на пријателските односи меѓу двете земји.

Претседателката Сиљановска-Давкова се заблагодари за упатеното писмо со сочувство од страна на киргистанскиот претседател, Садир Жапаров.

Таа укажа дека меѓу двете земји постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката на политички, економски и културен план, како и во рамки на меѓународните организации. Во таа насока, изрази уверување дека именувањето на амбасадорот Казакбаев ќе го означи почетокот на ново поглавје во развојот на билатералните односи и соработка.

Соговорниците ја нагласија потребата од интензивирање на политичкиот дијалог и склучување на договори коишто ја дефинираат правната рамка на економско-трговската соработка. Со цел воспоставување на конкретна соработка во областите од заемен интерес, претседателката го охрабри усвојувањето на веќе покренатите иницијативи.

На новоименуваниот амбасадор таа му посака успешен мандат и изрази целосна поддршка во вршењето на неговата дипломатска должност. Тој на претседателката ѝ упати покана од претседателот Садир Жапаров за посета на Киргистанската Република.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста...

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени. Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со...

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на...

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Треба да се апстрахираме од измислениот пат кон Брисел и да се фокусираме на европеизацијата, да се самоевропеизираме Европеизацијата не е статус, туку процес што се темели на реформи, а Македонија со години ја губи суштината фокусирајќи се на формални уставни измени...

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан. На средбата беше реафирмирано високото ниво на...