Претседателот Стево Пендаровски на проштална средба го прими амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.
На средбата беа разменети мислења за севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие континуирано бележат позитивен и нагорен тренд.
На средбата беше истакната важноста на фактот што двете соседни држави, сојузници во НАТО алијансата, споделуваат идентична визија за интеграција во Европската Унија, и во тој контекст беше посочено на потребата за напредок во интегративниот процес.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за долгогодишниот дипломатски ангажман на амбасадорот Река, кој својата мисија во земјава ја извршуваше од јули 2015 година и му посака натамошен успех на личен и на професионален план.