Средба на претседателот Пендаровски со делегација на пратеници од Собранието на Република Албанија

30 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими делегација на пратеници од Собранието на Република Албанија, учесници на вториот состанок „Улогата на парламентарците во текот на преговарачкиот процес“ во рамки на проектот „Зајакнување на експертизата и капацитетите на парламентарците во однос на процесот на пристапување во ЕУ“, што се одржува во Скопје.

Претседателот Пендаровски беше запознаен со активностите предвидени во рамки на проектот, што се реализира со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Албанија се добра можност за размена на искуства и во доменот на европската интеграција, имајќи го предвид истовремениот почеток на пристапните преговори на двете држави.

На средбата се разговараше за состојбите во поширокиот регион, вклучувајќи ја руската инвазија на Украина и енергетската криза.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски во посета на Ристо Донев интернационален мајстор во дописен шах

Претседателот Пендаровски во посета на Ристо Донев интернационален мајстор во дописен шах

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети 60-годишниот Ристо Донев, лице со церебрална парализа, носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах. Тој го запозна претседателот Пендаровски со неговите шаховски...

Претседателот Пендаровски: Берлинскиот процес не е замена за полноправно членство во ЕУ туку инструмент за побрзо приклучување на сите шест држави од Западниот Балкан

Претседателот Пендаровски: Берлинскиот процес не е замена за полноправно членство во ЕУ туку инструмент за побрзо приклучување на сите шест држави од Западниот Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата „Берлински процес 2022 - Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, во соработка...

Учество на сопругата на претседателот на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Учество на сопругата на претседателот на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во  Штип кадешто присуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. [gallery...

Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска се реализираше активноста Отворен Кабинет, во рамки на која Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија го посетија ученици со атипичен развој од ООУ „Ѓорги Сугарев" - Битола....

Претседателот Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Претседателот Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се обрати на петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европска унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) што во организација на Европското движење се одржува во Собранието на Република Северна Македонија. Во...