Реферирање за борбената готовност на Армијата во 2023 година

25 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска во Домот на Армијата во Скопје присуствуваше на годишното реферирање за борбената готовност на Армијата на Република Северна Македонија во 2023 година.

Во присуство на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски претставниците на Армијата информираа за реализацијата на плановите и задачите и состојбата во Армијата во текот на 2023 година.

Претседателот Пендаровски беше запознаен со состојбата и степенот на реализација на активностите во областите на персонален менаџмент, обука и вежби, операции во земјата и странство, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на сили, модернизација, буџетирање и финансирање.

Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски истакна дека и во 2023 година припадниците на Армијата ја докажаа својата професионалност, посветеност и подготвеност. Тој истакна дека Армијата одговорно ги извршува обврските кои произлегуваат од членството во НАТО, соработката со телата и комитетите во рамки на НАТО и другите армии и го истакна своето очекување дека опремувањето и модернизацијата на Армијата ќе продолжи и во следните години.

Претседателот Пендаровски ги реафирмираше своите заложби за натамошно подигнување и одржување на квалитетен стандард и услови за работа и служба на сите припадници на Армијата и за достигнување на зацртаната цел – два отсто од БДП да се одвојува за одбраната.

Реферирањето е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...