Средби на претседателот Пендаровски со косовската претседателка Вјоса Османи Садриу и со албанскиот претседател Бајрам Бегај

11 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари билатерални средби со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу и со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на маргините на одржувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони кој се одржува во Скопје.

На средбата со косовската претседателка Вјоса Османи Садриу беше изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави кои се пријателски, динамични и засновани на меѓусебно почитување. Беше констатирано дека унапредувањето на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Косово ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на целиот регион. Соговорниците го реафирмираа интересот за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската и се заложија за активен придонес за да имаме инфраструктурно развиен и економски просперитетен регион.

На средбата со албанскиот претседател Бајрам Бегај беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог и севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави и беше изразено очекување за јакнење на соработката во областите од заемен интерес. Беше посочено дека како сојузници во НАТО, двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка, со цел на уште поактивен придонес за безбедноста во регионот и пошироко. Соговорниците разменија мислења и информации за европските интеграции на Северна Македонија и Албанија, при што оценија дека забрзувањето на овие процеси позитивно ќе се одрази врз целиот регион и е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности - Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка на...

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...