Билатерални средби на претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

24 мај 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, денеска оствари кратки средби со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, со косовскиот премиер, Албин Курти, со Принцот Алојз од Лихтенштајн и со американскиот политичар и поранешен потпретседател на САД, Ал Гор.

Претседателот Пендаровски на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез се заблагодари за принципиелната поддршка од Шпанија на македонските евроинтеграции и изрази подготвеност за натамошно поттикнување и развој на односите меѓу двете земји. Во разговорите беше посочено дека политиката на проширување на ЕУ е неопходно да продолжи во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан.

На средбата со косовскиот премиер Албин Курти беа реафирмирани заложбите на Северна Македонија и Косово за продлабочување на билатералната комуникација и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, со цел  натамошно зацврстување на добрососедските односи, како и пријателството и блискоста меѓу граѓаните од двете земји.

На средбата со Принцот Алојз од Лихтенштајн се разговараше за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Лихтенштајн, за мултилатералната соработка, како и за актуелните случувања во Европа и во регионот на Западен Балкан. Во контекст на мерките коишто се преземаат за ублажување и справување со економските последици од руската агресија, претседателот Пендаровски и принцот Алојз, разменија мислења и за тековните случувања и ефектите врз економиите во Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), каде Лихтенштајн е земја-членка.

На средбата со американскиот политичар и поранешен потпретседател на САД, Ал Гор, беа разменети мислења за надворешната политика на САД и Северна Македонија низ призма на актуелните случувања во Европа и светот, како и за потребата од интензивирање на трансатланските односи. Претседателот Пендаровски посочи дека поддршката и помошта од САД како НАТО сојузници и стратешки партнери на нашата земја, се од клучно значење за стабилноста, безбедноста и јакнење на демократските процеси во регионот.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата – 20 Mарт, ја упати следната порака: Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на Франкофонијата. За Република Северна Македонија, членството во Меѓународната организација на Франкофонијата е...

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Претседателот Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на...