Претседателката Сиљановска-Давкова прими претставници на балетското училиште „Булфрогс Балет“

12 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на „Булфрогс Балет“ на која беше информирана за работата и активностите на првото интернационално приватно училиште за класичен балет во земјава за деца и млади од 4 до 18 години.

Александра Никифоровски, уметничката директорка и основачка на училиштето ја запозна претседателката со повеќекратното учество и постигнатите успеси на балерините на реномирани балетски натпревари, како и со пласманот во финалето на Младинското американско Гран при, што ќе се одржи од 22 до 27 април годинава во Тампа, Флорида, каде треба да отпатуваат 18 млади балерини и да настапат со „Сонот на летната ноќ“.

Претставниците на „Булфрогс Балет“ ја истакнаа важноста на учеството во финалето на Младинското американско Гран-при и побараа поддршка во остварувањето на шансата нивните мечти да станат јаве, потенцирајќи дека се работи за уникатна шанса за прв пат,  претставници на македонската балетска сцена да настапат на најголемиот балетски натпревар во светот и еден од трите најреномирани балетски натпревари глобално.

Претседателката ја поздрави нивната ретка посветеност, наградена со успех, изрази восхит и поддршка на талентираните балерини, како и очекување дека ќе се надминат предизвиците и ќе се овозможи нивното учество на престижниот балетски натпревар.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме. [gallery...

Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365

Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365

За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена". ,,Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане...

Сиљановска-Давкова се обрати на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“

Сиљановска-Давкова се обрати на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва се обрати на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“, посветена на демографските промени и нивното влијание...

Средба на Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Средба на Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјава. Таа ја истакна улогата на Советот на Европа, како најстара европска институција, којашто повеќе...

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот стандарден јазик

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот стандарден јазик

Денеска, на 5 мај, Денот на македонскиот стандарден јазик, упатувам искрена честитка до сите Македонци, чиј мајчин јазик е, каде и да се, до сите негови говорители, проучувачи и љубители. Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и самобитност, траен сведок на...