Изјава за медиуми и одговор на новинарски прашања на настанот „Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа“

22 јуни 2026 | Интервјуа

Новинарско прашање: Кажете кратко претседателке за настанот, сублимирано вашето обраќање.

Претседателката Сиљановска-Давкова: Настанот е извонреден потег. Зошто? Бидејќи навистина во време на пореметена рамнотежа на трите власти, односно во отсуство на спреги и кочници, извршната власт секаде во светот, па дури и во држави со долга демократска традиција е најсилната. Затоа треба да се види како да се одбрани независноста на судската власт, не само на судството, туку и на самите судии. Тоа е, всушност, дебатата денеска во поинаков амбиент, во амбиент на вештачка интелигенција, која може да биде од корист, меѓутоа која исто така носи закани и мислам дека проектот, односно Институтот за Централна и Источна Европа ја прави работата на еден извонреден начин. Да соберете овде толку врховни судии, претставници на највисоките власти за да разговарат за проблемите врзани не само за загрозената независност на судството, туку и за падот на довербата на граѓаните во судството и излезните решенија, јас мислам, и на признание на нашиот Врховен суд и на нашето судство, но се разбира и инспирација за сите земји од Централна и Источна Европа. Како што видовте, не се само претставниците од Централна и  Источна Европа, туку исто така и од Соединетите Американски Држави. Впрочем проектот, ABA CEELI, е многу, многу стар. Затоа, се разбира, јас и сметам дека ми е чест да им се придружам и да ја поздравам нивната работа. Очекувам резултати кои ќе бидат заеднички не само за Европа, туку и за светот. Се разбира,  искористив да укажам на праксата, на важната пракса и на Судот на правдата во Луксембург, бидејќи пресудите на овој суд се извор на правото на Европската Унија, многу важен извор, но исто така и на јурисдикцијата на Судот во Стразбур, бидејќи Европската Унија е и потписник на Конвенцијата за човековите права, но и ја признава јурисдикцијата на Судот во Стразбур. Во однос на нас се случува, многу често, пресудите во Стразбур да не се почитуваат. Ние ги почитуваме кога се однесуваат внатре на работата на нашите судови, но јас укажав на потребата дека ако Европската Унија застанала и зад Конвенцијата, и зад работата на Судот во Стразбур, тогаш и членките на Советот на Европа, кои се членки и на Европската Унија, особено треба да ги почитуваат овие пресуди.

Новинарско прашање: Претседателке, зборуваме за независност на судството, сега сигурно ги видовте критиките на јавнообвинителската и судската служба во однос на предлог законите. Како до независно судство без средства, со оглед дека законите немаат финансиски импликации, предупредувањето од овие служби е дека, иако се крвотокот на судството, сепак можно е да се испразнат судовите и обвинителствата.

Претседателката Сиљановска-Давкова: Да, јас го разбирам вашето прашање и да, ги разбирам дилемите. Мислам дека на „Топ тема“ го слушав дека државниот јавен обвинител којшто посочи дека гледа излезни решенија во поглед на финансирањето и јас мислам дека треба да му веруваме. Инаку, што е најважно? Не зборуваме ние само за платите на судиите, на јавните обвинители. Ние говориме за многу важна логистичка поддршка во работата на судството, па и на судските совети, на другите институции.  Значи, останувам дека во право се сите во судството и во останатите институции и правосудни институции, дека без финансиски средства не може да се има и независно судство и не само тоа, туку и ефикасно и ефективно судство.

Новинарско прашање: Ја спомнавте пресудата од Судот во Стразбур и …

Претседателката Сиљановска-Давкова:… Пресудите, бидејќи многу се…

Новинарско прашање: Пресудите кои не се почитуваат. Еве, на вашата последна средба во Бугарија, од вашите колеги таму, добивте некакво уверување дека ќе се спроведат, се разговараше воопшто за тоа?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Не барав, веднаш ќе кажам. Кога имате прва средба од ваков начин, тогаш мора дипломатски да постапувате, да отворите простор за разбирање, се разбира дека јас ги споменав пресудите, меѓутоа воопшто не прашував дали ќе ги спроведете и како, туку говорев за обврската за сите членки на Советот на Европа, вклучувајќи ги и оние во Европската Унија, да се однесуваат одговорно кон работата на толку важниот суд во Стразбур.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...