Честитки до претседателот Стево Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста

9 септември 2021 | Соопштенија

По повод 8 Септември, Денот на независноста, писма со честитки до претседателот Стево Пендаровски испратија следниве шефови на држави:

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер-Штајнмаер во писмото упатува срдечни честитки по повод 30-годишнината од нашата независност. „ Во последните 30 години Вашата земја се справи со голем број предизвици и притоа постигна многу. Примери за тоа се мирното решавање на конфликтот од 2001 година преку Охридскиот рамковен договор, историскиот Преспански Договор и членството во НАТО во последната година. Северна Македонија се уште не е на целта. Германија и понатаму ќе се залага, што е можно поскоро да започнат пристапните преговори со Европската Унија. Притоа од големо значење се доследното продолжување на реформите во областа на владеењето на правото и доброто владеење, како и негата на добрососедските односи“, пишува во честитката од германскиот претседател.

Претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, честитајќи го Денот на независноста, во честитката изразува воодушевување за патот кој го поминавме по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред дваесет години. „Вашиот успех и успехот на вашата земја за помирувањето, за кое сведочи и Преспанскиот договор, служи како пример во регионот и пошироко. Франција и Европската Унија остануваат на ваша страна за стабилноста и за просперитетот на Северна Македонија и на Западниот Балкан. Ние ги поддржуваме сите иницијативи кои се во таа насока, особено Преспа Форумот за дијалог“, пишува францускиот претседател. Во честитката, претседателот Макрон ја изразува неговата целосна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија. „Франција е решена дека преговорите за членство треба да почнат следните месеци и  ќе продолжи да спроведува напори за да се изнајде решение за билатералните спорови. Франција ќе биде внимателна за да преговарачката рамка, која ќе биде усвоена, ја одразува новата методологија за процесот за членство, која јас ја посакував, и ќе продолжи да ги унапредува и да ги поддржува суштинските реформи за европското приближување на Северна Македонија, особено во клучните области како што е владеењето на правото, кои се во сржта на европските вредности“, се вели во честитката од францускиот претседател.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден во име на американскиот народ го честита Денот на независноста на Северна Македонија при што нагласува дека одбележувајќи ја оваа прилика, исто така се одбележува 25-годишнината од дипломатските односи и силното пријателство меѓу двете нации. „Со гордост ја поздравивме Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО минатата година, признавајќи дека Вашата земја даде витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот долго пред таа да се приклучи на Алијансата. Како што Вашата земја продолжува да напредува – зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на Вашите демократски институции – САД остануваат Ваши силни и непоколебливи поддржувачи. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската Унија“, пишува во честитката од американскиот претседател.

Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета II ја упати следната честитка: „Ми претставува посебно задоволство да Ви го честитам државниот празник, Денот на независноста, со најискрени желби и честитки за среќа и просперитет на народот на Република Северна Македонија“.

Кралот на Холандија, Вилем Александер, во писмото упатува честитки и желби за благосостојба на граѓаните на Северна Македонија. „Додека го одбележуваме овој повод, морам во исто време да го признаам предизвикот без преседан што тековната пандемија на Ковид-19 го претставува за сите нас. Ви посакувам, на вашата Влада и на вашите граѓани сила, храброст и здравје, додека сите ние продолжуваме со напорите за надминување на оваа криза“, стои во честитката од холандскиот крал.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин во честитката посакува добро здравје и успеси, а на сите граѓани благосостојба и просперитет. „Убеден сум дека развојот на конструктивната соработка помеѓу Русија и Северна Македонија би им одговарал на темелните интереси на нашите народи, би придонесувал за зајакнување на стабилноста и безбедноста на европскиот континент“, се наведува во честитката од рускиот претседател.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган во име на турскиот народ и во негово лично име најсрдечно го честита Денот на независноста на Република Северна Македонија со желби за благосостојба и просперитет. „Уверен сум дека нашите пријателски односи, кои својата сила ја добиваат од нашите историски врски и заеднички вредности и цели, ќе се продлабочат и ќе се развијат на секое поле “, пишува во честитката од турскиот претседател.

Претседателот на Република Чешка, Милош Земан, во писмото упатува срдечни честитки и посакува многу успех и траен просперитет по повод Денот на независноста на нашата држава. „ Задоволство ми е да ве уверам дека Чешка ќе продолжи да биде еден од најпосветените поддржувачи за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија“, пишува во честитката од чешкиот претседател.

Претседателката на Република Словачка, Зузана Чапутова, честитајќи го државниот празник, во писмото изразува задоволство дека односите помеѓу Словачка и Република Северна Македонија се долгорочно добри и пријателски. „Ве уверувам дека Република Словачка и понатаму ќе продолжи во силната поддршка на амбициите на Вашата земја да стане член на Европската Унија и реформските напори во тој правец“, се вели во честитката од словачката претседателка.

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис во честитката упатува желби за мир, просперитет и напредок. „ Би сакал да ја искористам оваа прилика да ја повторам активната и постојана поддршка што ја дава Романија на европскиот пат на Република Северна Македонија и ефективно отворање, што е можно поскоро, на преговорите за пристапување во Европската Унија, пишува во честитката од романскиот претседател.

Претседателката на Република Грција, Катерина Сакеларопулу во писмото упатува искрени честитки и желби за напредок и просперитет на Република Северна Македонија. „Би сакала да ја потврдам доследната поддршка на Грција на европскиот пат на Северна Македонија, во согласност, се разбира, со сите правила и принципи кои го регулираат пристапувањето на секоја нова членка во Европската Унија“, се вели во честитката од грчката претседателка.

Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев во писмото упатува најискрени честитки по повод 30-тата годишнина од независноста на Република Северна Македонија. „Патот напред без секакво сомнение продолжува да бара категорична волја, отвореност, прагматизам, решителност и храброст, насочени кон развојот на билатералната соработка, како влог во подобра и безбедна заедничка европска иднина на граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија“, стои во честитката од бугарскиот претседател.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во писмото со честитки истакнува дека пријателските билатерални односи во актуелните предизвикувачки времиња покажуваат висок степен на солидарност и веродостојност. „ Уверен сум дека пријателските односи на Република Србија и Република Северна Македонија, втемелени на меѓусебно разбирање, ќе продолжат да се зајакнуваат во периодот кој е пред нас“, пишува во честитката од српскиот претседател.

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи упатувајќи честитки за Денот на независноста, посакува просперитет, здравје и среќа. „Република Северна Македонија не е само наш сосед, туку и вистински пријател на нашата млада република. Ние сме посветени за натамошно зајакнување на односите меѓу нашите држави“, се вели во честитката од косовската претседателка.

Претседателот на УкраинаВолодимир Зеленски во телефонски разговор со претседателот Пендаровски упати најсрдечни честитки по повод Денот на независноста и желби за напредок и просперитет на граѓаните на Северна Македонија.

Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан, во честитката упати желби за мирна и просперитетна иднина на граѓаните на Република Северна Македонија. „Основани на доверба, долгогодишните и добри односи меѓу нашите две земји можат да ни помогнат заедно да се справиме со големите глобални предизвици“, наведува во честитката претседателот на Швајцарската конфедерација.

Претседателот на Ирска, Мајкл Хигинс упати искрени честитки по повод нашиот национален ден. „Нека претстојното време донесе мир, благосостојба и среќа за граѓаните во Република Северна Македонија“, стои во писмото од ирскиот претседател.

Претседателот на Република Естонија, Керсти Калјулаид, во честитката изразува надеж дека соработката меѓу двете земји ќе биде дополнително зајакната во областите од заеднички интерес. „Ние остануваме цврсти поддржувачи на европските аспирации на Северна Македонија“, пишува во честитката од естонскиот претседател.

Генералниот Гувернер на Австралија, Дејвид Хурли во честитката упатува желби за натамошен просперитет и развој. „Го изразувам моето уверување дека пријателските односи меѓу нашите две држави ќе продолжат да просперираат во годината што следува“, стои во честитката од Генералниот Гувернер на Австралија.

Претседателот на Република Ерменија, Армен Саркисијан во писмото, упатувајќи честитки за Денот на независноста, посакува добро здравје, успех и благосостојба на граѓаните на Северна Македонија. „Ерменија придава значење на понатамошното унапредување на односите со Северна Македонија, како на билатералните, така и на мултилатералните платформи“, наведува во честитката ерменскиот претседател.

По повод 8 Септември, Денот на независноста, честитки до претседателот Пендаровски испратија и Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, Кралот на Шведска, Карл XVI Густаф, Кралот на Саудиска Арабија, Салман Бин Абдулазиз Ал-Сауд, Султанот на Оман, Хајтам Бин Тарик, претседателот на Египет, Абдел Фатах Ал-Сиси и претседателот на Шри Ланка, Готобаја Раџапакса.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...