Во интервјуто за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, претседателот Пендаровски најави дека ќе биде свикана седница на Советот за безбедност на која ќе биде дискутирано за северот на Косово, војната во Украина и конфликтот помеѓу Хамас и Израел. Претседателот Пендаровски во интервјуто зборува и за измените на Кривичниот законик, состојбите во судството, како и за актуелните политички случувања и неговите очекувања во однос на претстојните претседателски и парламентарни избори.