Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција

23 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција​, во присуство на млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани.

​По повод потпишување​то​ на Декларацијата​,​​ во Кабинетот се одржа тематска дебата, на која се дискутираше за обврските што произлегуваат од годинешниот Самит за климатски промени CO​​P26 во Глазгов, тековните активности што се преземаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, и следните чекори на национално ниво. ​Младите активисти дискутираа за можностите за нивно пошироко вклучување во процесите на одлучување и креирање на политиките за климатски промени и изразија интерес за мерките што се преземаат со цел заштита на шумите, редукција и превенција на отпадот и подобрување на квалитетот на взодухот.

Претседателот Пендаровски го поздрави ентузијазмот на младите и истакна дека оваа Декларација нè потсетува дека еден од главните мотиви за справување со климатските промени се токму децата и младите, односно нивното право на безбедна клима и здрава животна средина. „Мора да создадеме простор младите како најинформираната и најдигитализирана генерација да бидат вклучени во справување со еколошките проблеми и да го кажат своето мислење за климатските политики“, порача претседателот, додавајќи дека особено важно е подигање на јавната свест и обучување на младите, за што е неопходно интегрирањ​​е на климатските и еколошки аспекти во Националната стратегија за образование, односно во наставните програми.

Министерот Нуредини ги сподели националните климатски амбиции и ги охрабри младите активно да учествуваат и во донесувањето на првиот Закон за климатска акција со кој правно ќе се трасира патот кон јаглеродната неутралност на земјава.  Исто така, министерот ги повика младите да бидат активни и гласни за да бидат слушнати препознавајќи ги како движечка и мотивациска сила за градење на климатски отпорна држава.

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, поздравувајќи го потпишувањето на Декларацијата истакна дека овој документ ги прикажува заложбите на земјите да ги земат предвид потребите, правата и перспективите на децата во политиките за климатски промени на сите нивоа.

„Потпишувањето на Декларацијата е важен момент што следи по Младинскиот самит за климатски промени, каде што ги слушнавме младите луѓе, нивните грижи и повици за акција за заштита на животната средина. Истовремено, го покажува огромниот капацитет на децата и младите да бидат моќни агенти за промена“,  рече ДиЏовани, додавајќи дека климатската криза е криза на детските права.

Северна Македонија се приклучи на триесетина европски земји-потписнички на Декларацијата за деца, млади и климатска акција, која е усвоена на Самитот за климатски промени во Мадрид во 2019 година.

Една од целите на Декларацијата е да се зголеми учеството на децата и младите во процесите за ублажување и адаптација на климатските промени, преку поголема едукација за климатските промени и животната средина, како и стекнување на знаења и вештини потребни за да се заштитат себеси и да придонесат за безбедна и одржлива иднина.

​​За време на посетата на Кабинетот, во рамки на програмата Отворен Кабинет, младите активисти беа запознаени со историјатот на објектот, со дел од активностите коишто се реализираат, како и со начинот на функционирање на оваа институција. Воедно имаа можност да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.​

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....