Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на ФПСМ, Угриновски

20 април 2022 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јовица Угриновски во својство на претседател на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија – Скопје (ФПСМ).

На средбата претседателот на ФПСМ, Угриновски, го запозна претседателот Пендаровски со активностите на здружението, со предизвиците со кои што се соочуваат клубовите – членки, како и со состојбите со планинарските домови низ државата, како објекти од голема важност за развојот на еко-туризмот.

Угриновски информираше за достигнувањето на ФПСМ да ја добие честа следната недела да организира состаноци на управните органи на Меѓународна Федерација за качување и планинарење (UIAA), како и генералните собранија на Европската Унија на планинарски асоцијации (EUMA) и Балканската планинарска унија (BMU). Првпат од нивното постоење, трите меѓународни организации, ќе одржуваат состаноци и Генерални Собранија на едно место, во Скопје.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за претстоечкиот настан кој е од значење за државата, на континуираната заложба на ФПСМ во насока на популаризација на планинарските спортови и планинарањето, особено кај младите.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка во областа на...

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Во интервју за TRT World, реализирано за време на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателот Пендаровски говори за надминувањето на разликите за името и влезот на државата во НАТО, апсирациите за членство во Европската Унија и војната во...