Средба на Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски пат

25 септември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан. Во состав на делегацијата беа сенаторите Арно Базен, Ален Милон и Лоранс Арибе, советникот Гијом Рендино и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер.

Претседателката ја поздрави посетата на француските сенатори и активниот ангажман на Групата за парламентарно пријателство во поддршката на регионот на патот кон ЕУ. Таа ја нагласи важноста на континуираниот политички дијалог и на парламентарната соработка, во духот на принципите и вредностите утврдени во основачките акти.

Сиљановска-Давкова укажа на неприродно и нелогично долгиот македонски пат кон Брисел, којшто, наместо преку Копенхаген, врвел преку метрополите на соседите, членки на ЕУ, соочувајќи се со препреки и услови од идентитетска, наместо од реформска природа.

Таа потсети дека уште во 1992 година, Бадентеровата комисија позитивно ја оценила нашата уставна усогласеност со Европската конвенција за човекови права и со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а во 2022, Венецијанската комисија во Мислењето за Законот за употреба на јазиците, констатирала повисоки стандарди на заштита на малцинските права од европските.

Исто така, претседателката посочи на македонскиот евроинтеграциски парадокс, кога, по десетина позитивни годишни извештаи за почитување на правата на заедниците, за прв пат, во 2023 година, во Извештајот на бугарскиот пратеник Илхан Ќучук се констатира потребата од внесување на Бугарите во нашиот устав, врз основа на вториот записник/протокол на Македонско-Бугарската комисија за историски и образовни прашања, потпишан од министерот Османи и министерката Генчовска, иако во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, таква одредба нема.

Таа прашува: може ли со записник/протокол, двајца министри да „амандманираат“ билатерален договор; може ли услов од записник да стане дел од Заклучоците на Советот, а тоа да не се проблематизира и спори; може ли некоја држава да бара од друга промена на уставот, а да се заборави на филозофијата на Договорот за ЕУ, односно одредбите за почитување на: националниот и културниот идентитет на државите и нациите, уставните и политичките структури, интегритетот и дигнитетот на граѓаните; може ли некој во демократска држава да гарантира уставни измени, кога пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување?

Според неа, македонскиот Устав, односно членот 48 и амандманот VIII ги гарантираат малцинските права не само на наброените заедници во Преамбулата, туку и на „другите“, за разлика од бугарскиот, којшто, освен антидискриминаторската клаузула од членот 6, не содржи ниту една гаранција, па Венецијанската комисија, во Мислењето од 2008 и препорачува со уставна измена да го стори тоа.

Таа го афирмираше и прашањето за односот на Бугарија кон пресудите на Судот за човекови права во Стразбург, во којшто има и свој судија.

Претседателката на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан, Марта де Сидрак, изрази разбирање за состојбата во којашто се наоѓа земјава и ја потврди француската поддршка за нејзината европска перспектива, потенцирајќи дека државите од Западен Балкан заслужуваат членство во ЕУ врз основа на мерит системот.

Таа изрази уверување дека Групата за пријателство Франција–Западен Балкан ќе продолжи да го негува дијалогот, европските вредности и наследството на Роберт Бадентер, како нејзин основач.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...