Средба на претседателот Пендаровски со членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници

17 ноември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, коишто престојуваат во Северна Македонија по повод одржувањето на Годишниот самит, чиј домаќин е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Градоначалниците го информираа претседателот Пендаровски за нивните очекувања и темите на дискусија на овогодинешниот самит насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“, на којшто ќе учествуваат над стотина градоначалници, како и голем број на претставници на меѓународните организации. Тие истакнаа дека целта на овој меѓународен собир е да ја поддржат и зајакнат улогата на градовите и локалните лидери во обезбедувањето на подобар, подемократски, поодржлив и поинклузивен свет за граѓаните.

Претседателот Пендаровски посочи дека преку оваа глобална платформа градоначалниците имаа можност да разменуваат меѓународни искуства од успешно спроведени активности, да се вмрежувааат и да соработуваат на заеднички проекти, со што ќе придонесат за надминување на предизвиците и подобрување на услугите, во интерес на граѓаните.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...