Проштална средба со амбасадорката на Хеленската Република, Софија Филипиду

18 јули 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид на проштална средба ја прими амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софија Филипиду.

Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји, претседателката истакна дека од Грција очекува да биде меѓу најсилните поддржувачи на патот на македонските ЕУ интеграции.

Според неа, со влезот на земјата и на целиот регион во Унијата, ефективно ќе се затвори постоечкиот геостратешки јаз, а со тоа ќе се постигнат повеќекратни ефекти во Југоисточна Европа, од трговија и инвестициите до енергетската поврзаност.

Од друга страна, како што додаде Сиљановска-Давкова, во рамките на НАТО, двете земји подеднакво се залагаат за одбрана на демократските вредности и одржување на глобалната стабилност.

Во однос на македонско-грчките односи, претседателката и амбасадорката сметаат дека е потребен нов поттик за да се продлабочат и прошират во повеќе области.

За неа, културата е најдобриот лакмус за македонско-грчките односи. Како доказ, ја посочи заедничката изведба на монументалното дело „Кармина Бурана“ од страна на македонската, бугарската и грчката филхармонија, во јуни годинава, како и изведбата на „Митот за Амазонките“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Изразувајќи ѝ благодарност на амбасадорката за личниот придонес во соработката, таа ѝ посака добро здравје и успех во нејзиниот иден професионален ангажман.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...