Интервју на претседателот Пендаровски за Си-ен-ен: На повидок нема напредок во однос на членството во ЕУ

27 јуни 2022 | Интервјуа

Во продолжение е интегралното интервју на претседателот Стево Пендаровски за Си-ен-ен (CNN), во пресрет на почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид:

АНДЕРСОН: Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски се наоѓа во Мадрид и ќе се вклучи во живо. Добредојдовте. Ова е динамичен самит. Го опишуваат како важен, што со овој Самит е всушност случај децении наназад. Беше објавено дека НАТО значително ќе ги зголеми трупите распоредени на источниот појас, со зголемување на трупите во секоја од Балтичките држави.Ова беше опишано како најголемото реструктуирање на колективната одбрана и отпор од Студената војна наваму. Каква порака се испраќа со овој чекор?

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Добар ден, Беки. Знаете, ова е навистина уникатен Самит на НАТО бидејќи коиницидира со војна на европско тло по првпат во децении, во суштина по првпат по Втората светска војна. Досега не се случило да се организира и Самит на НАТО во исто време, уште од неговото формирање во 1949 година; да се организира НАТО Самит додека се случува и брутална агресија врз една од Европските држави.

И секако, сосема природно, поради бруталната руска инвазија на Украина, целиот Самит на НАТО е подреден, во основа, преокупиран токму со тоа прашање.

Прво, се очекува утре, се надевам утре до крајот на втората сесија, или уште наутро, да биде усвоен нов стратешки концепт, своевиден документ со насоки за во блиска иднина, најверојатно за до крајот на оваа декада. Како што кажавте во однос на НАТО, зајакнувањето на источниот појас има свое значење. Станува збор за целосно новн пристап наречен Пристап 360, кој значи дека заканите и предизвиците за европската и евроатлантската безбедност може да дојдат од каде било.Оттука, треба да бидеме будни и да ги споиме сите сили со кои располагаме. И секако, што е можно побрзо, сите НАТО членки треба да го достигнат прагот од најмалку два проценти од БДП одвоен за одбраната.

АНДЕРСОН: Јенс Столтенберг зборуваше за седумкратно зголемување на трупи подготвени за војување – колку вие во Северна Македонија сте загрижени за иднината и за идна закана од Русија?

ПЕНДАРОВСКИ: Да бидам искрен, ние се соочуваме со тн. хибридни закани кои ни доаѓаат пред се’ во форма на политичка пропаганда и лажни вести. Ова во последните четири години откако го организиравме референдумот за влез во НАТО – знаете, ние сме единствената земја на НАТО Алијансата која, со цел да стане членка, го промени своето име.Од тој период наваму, се соочуваме со досега невидено ниво на руска пенетрација преку таканаречените хибридни закани. Така што, може да се рече дена се навикнуваме на таков пробив од страна на Руската Федерација.
Секако, многу е полесно кога имате 29 други сојузници до вас, со кои ја браните заедничката кауза. Но, како што реков, добиваме помош, добиваме поддршка и претпоставувам дека таа соработка со Алијансата ќе зајакне наспроти ваквите закани.Ваквите закани не се насочени исклучиво кон Северна македонија, туку Русија ги користи истите хибридни закани и кон остатокот од Западен Балкан. А знаете дека Западен Балкан, за жал, се уште не е целосно интегриран во евроатлантската институционална архитектура.

АНДЕРСОН: Го поздравивте предложеното придружување на Финска и Шведска во НАТО. Но Турција не го стори истото. Која е вашата порака до претседателот Ердоган, имајќи предвид дека сте, секако, најновата членка на НАТО. И јасно гледате дека станува збор за особено важен став како членка, имајќи предвид со што се соочува Европа во овој момент.

ПЕНДАРОВСКИ: Знаете, ова се очигледно две страни на еден спор во рамките на Алијансата. Треба да се земе предвид загриженоста на секоја од страните. Ние веќе испративме писмо со целосна политичка поддршка за Финска и Шведска да станат членки на НАТО што е можно побргу, затоа што со тоа значајно и дополнително ќе се зајакне целокупниот потенцијал и способност на НАТО сојузниците.

Сепак, истовремени не смееме да занемариме некои легитимни политички и безбедносни грижи кои ги има нашиот стар сојузник, Република Турција. Според последните информации со кои располагам, под покровителство на Генералниот секретар Столтенберг, високите претставници на Финска, Шведска и Република Турција се обидуваат да најдат заеднички јазик и се при крај на тој процес, за конечно да најдат решение со кое ќе ни со овозможи, денес, утре или задутре, да ја промениме Алијансата.

АНДЕРСОН: Го слушнавте претседателот Бајден, а претходно зборувавме за зајакнувањето на капацитетите за отпор и одбрана пред овие поенти на претседателот Бајден. Како земја, чекате речиси дваесет години за влез во ЕУ, по предавањето на апликацијата за членство. Вие сте членка на НАТО, но сепак допрва ја чекате можноста да станете членка на Европската унија. Дали прифаќањето или кандидатскиот статус доделен „на брза лента“ на Украина е своевиден „студен туш“ за Северна Македонија?

ПЕНДАРОВСКИ: Сосема напротив Беки, јас пред еден месец му упатив писмо на Претседателот Зеленски, велејќи дека барањето за членство во Европската унија од страна на Украина нема никаква врска со нашето барање за членство и напорите за почнување на преговори со Унијата.

Сепак, има уште две нешта кои се важни според мене – прво, Европската унија испраќа силна политичка порака со голема симболика за Украинците кои се борат за нивната слобода и избор да бидат во сојуз со кого сакаат. Истовремено, Европската унија не смее да заборави на еден многу важен регион на периферијата на географска Европа, а тоа е регионот на Западен Балкан.Во неколку реченици можам да ви кажам дека не една, туку ниту една од шесте земји кои се наоѓаат во Западниот Балкан не напредува кон Европската унија.  Република Северна Македонија и Република Албанија се ефективно блокирани со вето од нашиот сосед Бугарија – Босна и Херцеговина и Косово пак, се целосно заборавени.Црна Гора и Србија преговараат со ЕУ речиси десет години, без напредок на повидок. Станува збор за регион од витално значење, видов некои од заклучоците кои формално треба да ги усвоиме утре на првата сесија на Самитот на НАТО, а кои се однесуваат на Западен Балкан како стратешки регион од гледна точка на целата Алијанса.

Би сакал да го кажам истото за Европската Унија. Ако НАТО ја држи вратата отворена со децении, не постои никаква причина зошто Европската унија не би ја држела вратата отворена за секој оној кој би сакал да и се придружи, бидејќи знаете, постопи нешто што се нарекува европска Заедничка надворешна и безбедносна политика. И тој дел од Европската унија се преклопува со темелните вредности и начела на НАТО.

АНДРЕСОН: Така.

ПЕНДАРОВСКИ: Значи, со цел сето тоа да не се подвојува, најдобро е да се усогласат ресурсите кои ги имаме, во интерес на заедничката цел, а тоа е демократија и слобода.

АНДЕРСОН: Со нас е претседателот на Северна Македонија – уште еднаш се извинувам што почекавте додека ги слушавме изјавите на лидерите на Шпанија и САД. Но, ми беше големо задоволство што останавте со нас, бидејќи разговорот што го имавме предмалку, според мене беше доста важен. Ви благодарам за одвоеното време и ви посакувам среќа на Самитот. Како што многумина оценија, ова се важни неколку дена во Мадрид. Уште еднаш Ви благодарам, а ние продолжуваме по кратката пауза.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...