Изјава за медиумите

13 јуни 2025 | Интервјуа

Прашање: Дали планирате средба со бугарскиот премиер во Хаг?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Не можам да ви одговорам дали планирам, бидејќи јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта. Негов беше предлогот. А во меѓувреме јас не знам. Јас ќе бидам таму, ако ми е мене редот. Инаку се знае, ред е да разговарате со хомологот. Но еве, нема проблем. Меѓутоа, не зависи од мене. Значи, зависи од, не сакам да го употребам изразот, јас нерадо употребувам другата страна – од нашите соседи. Се разбира, ние сме толку блиску што би можеле да разговараме и во близина некаде, ама предлогот дојде од господинот Антонио Кошта. И тој сега, кога бев јас во Ница, ме информираше дека нема да дојде господинот Радев на самитот на НАТО, туку ќе дојде премиерот. Ете, тоа е тоа.

Прашање: За евентуална средба со Жељазков, дали е потврдено?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Не, не, не, не. Видете, не сме предложиле ние на господинот Жељазков за да биде потврдено. Туку, веројатно, тоа е нешто што ако е предложено од европска страна, значи од претседателот на Европскиот Совет, тогаш оттаму треба да дојде. Инаку јас сум спремна за разговор. Со господинот Радев неколкупати сме се виделе, тој ги знае моите ставови, нашите пардон, национални ставови. Ги знае и господинот Антонио Кошта, ги знаат и останатите. Значи, јас секогаш велам дека може да дојде време, да дојде до израз европската креативност, која многупати сме ја, или напати сме ја виделе, еве и во овој случај. Заради доброто на регионот и заради, можеби, најважниот процес во моментов европски – процесот на проширување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...