Oдговори на новинарски прашања во Охрид пред отворањето на 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

15 август 2025 | Интервјуа

Прашање: Македонскиот јазик, идентитет, доведени сме во ситуација да го браниме она што е наше. Како го перцепирате тоа?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Како бесмислен потег, како нецивилизиран потег, како антиисториски потег, како потег којшто е спротивен на основните начела и вредности дури и на Европската Унија, бидејќи и во договорот за ЕУ, и во Лисабонскиот договор, и во повелбата за фундаментални права, се гарантира дека ќe се почитува идентитетот национален и културен на секој народ, бидејќи тоа е делот правото на самоопределување. Меѓутоа, нема поголем доказ за бесмисленоста на ваквите тврдења од настан како данешниов. Денеска, како што знаете, по 58. пат ќе се соберат луѓе од целиот свет, годинава 60 учесници од 17 држави. Во 11 држави имаме лекторати, сме имале и повеќе, расте бројот. На пример, веќе беше отворен нов лекторат во Неапол, во Словачка ќе биде отворен исто така.

Денеска ние сите ќе зборуваме македонски, ама и сите ќе не разбираат на македонски. Блаже Конески велеше дека јазикот е татковината, а Бернард Шо, чувениот ирски драматург, вели дека сè може да смените, само татковината не. Значи, во случајов со македонистиката, со македонскиот јазик, со македонскиот идентитет, се согласуваат или стануваат дел од нас многу, многу филолози, лингвисти, македонисти.

Што да кажам, се работи за изблици на национализам и на шовинизам, и ако се чудиме на некои нешта, на пример, јас се чудам како можевме во 21. век да дозволиме да ни се случи војна, и тоа во Европа, бидејќи Европската заедница е мировен проект, Обеденетите нации се мировен проект, а ние сведочиме за војна. Секогаш кога има криза во поглед на моралот, во поглед на етиката, криза на мировната посветеност, гледаме дека има и изблици на национализам.

Тоа се некои реликти што не одговарат на современото општество и како што јас се надевам час поскоро дека ќе ставиме крај на срамната војна, исто така мислам дека треба да ставиме крај на ваквите оспорувања. Тие не говорат за нас. Ниту за македонскиот јазик, ниту за македонската нација, ниту за македонскиот идентитет.

Тие говорат за некои историски фрустрации, за жал на…не велам на народи, претпоставувам на политичари, кои мислат дека на тој начин можат да стекнат поени. Значи, крајно време е за крај на оној концепт на реалполитика, според која силните го прават тоа што можат, а оние што се во ЕУ мислат дека се силни, во однос на соседите, а слабите тоа што мораат. Што му треба на човештвото?

Прашање: Има позадина сето тоа и сега ние сме доведени во ситуација да го браниме своето.

Претседателката Сиљановска-Давкова: Да, да докажам јас дека сум жена или да докажуваме дека сме Македонци. Јас затоа мислам дека во 21. век науката мора да се темели на докази, јас затоа нели не од инает, туку го кренав „Абецедарот“, и еве постојано велам ако 100 години има од „Абецедарот“ кој не е отпечатен во Скопје, не е, туку е отпечатен во Атина. Пред 100 години, за жал, имало борба за македонска држава, но немало самостојна и независна македонска држава, но имало јазик. Значи, кој го побара тоа и кој го доби тоа во Грција? Лигата на народите, чувениот дипломат Чембрлен, секретарот на Лигата на народите, Драмонт, значи тие побараа за македончињата да учат на својот јазик.

И јас честопати велам кога ќе чујам вакви негирањаа. Отворете го Абецедарот, па прочитајте внатре дали е македонски или е бугарски, „Мима носи вода, мама меси леб“, мислам дека јасно е.

Прашање: Бугарија ќе оди подлабоко или ќе се повлекува? Што очекувате?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Јас не знам што да очекувам, бидејќи тоа што се случи, а најболно е што се случуваше во Европскиот парламент, којшто би требало да го персонифицира европскиот демос, европските граѓани, да чуете негирања и говор на омраза, значи дека се потребни реформи и во рамките на Европската Унија. Ако е за утеха, оние кои употребуваа говор на омраза, се пратеници од крајната десеница.

Е сега замислете, значи во Европскиот парламент седат претставници на партии кои всушност се против Европската Унија. Тоа е нешто парадоксално, ќе рече некој, да, слобода на политичко здружување, слобода на изразување, меѓутоа, говор на омраза во Европски парламент не смее да се дозволи. Што очекувам? Очекувам некои политичари да го следат примерот, еве на колешките и колегите кои ќе ги сретнаме и денеска овде, да, врвни бугарски писатели, поети, преведувачи.

Нема поголем доказ дека, како што рече во една прилика, ако се сеќавате на преведувачот Пламен Тотев, кога рече дека најмногу сака да преведува од бугарски на македонски и обратно, зошто? Заради финесите, заради деталите. Бидејќи, тој ги познава обата јазици и како вели тој дека, па, развојот на македонскиот јазик е сличен на развојот на бугарскиот или на другите европски јазици. Ништо различно нема.

Разликата е само во погрешната политичка перцепција кај некои луѓе кои останале закопани во минатото и сè уште мислат дека може да го вратат под наводници славното минато. Но тоа минато е мрачно.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Славески

Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Славески

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески. Најпрво, гувернерот ги презентираше основните макроекономски показатели, а потем ја запозна со макроекономската политика. Тој...

Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор

Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова приреди традиционален годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, во Охрид. Поздравувајќи ги дипломатите, претседателката ним лично, на нивните семејства, како и на државите и народите кои ги претставуваат, им...

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот...