Изјава за медиумите

21 мај 2025 | Интервјуа

Прашање: Дали се одлучивте кого ќе предложите за гувернер?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Се разбира се одлучив, ама ви реков дека тоа никогаш не се кажува прво во јавноста, туку се испраќа до органот, бидејќи Собранието одлучува, и ќе го дознаете. Денеска ќе биде финализирано, пред да заминам за Италија.

Прашање: Некои од кандидатите што се вртат по јавноста се и партиски активни, меѓутоа во Законот не е дозволено. Дали внимававте на тоа?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Морам да ви кажам нешто. Законот не дозволува, додека сте на функција, така вели членот, додека сте на функција, да знаете дека функцијата е инкомпатибилна со партиско членство. Така вели. Не вели дека ако сте биле некогаш. Ние сме имале извонреден гувернер, Петар Гошев, кој што бил претседател на партија, значи немало проблем во тоа. Работата е вие, додека функционирате да заборавите на партиски влијанија и да се водите од предизвикот на професијата. Кандидатите кои се наоѓаат во јавноста, се сите, ако гледаме ние во поглед експертското знаење, квалификувани. Тоа е факт.

Прашање: Претседателке, Ваш коментар околу стратешкиот договор што го направи Владата со Велика Британија.

Претседателката Сиљановска-Давкова: Видете, денеска видовте исто така, кон што се движи светот. Стратешките партнерства ќе бидат многу актуелни во следниот период. Се разбира дека ние мораме да наоѓаме решенија за развој. И стратешкото партнерство е во таа област. Еве јас ќе кажам, би сакала да имаме стратешко партнерство и со некои земји како Азербејџан и останатите. Зошто? Бидејќи во околината има, заради тоа што ние не можеме да скокнеме во обновливи извори без транзиција, која е врзана за гас. Мислам дека имаме многу научени лекции и предизвици, за да внимаваме како ќе се однесуваме во склучувањето на договорите, врзани или како дел од стратешкото партнерство.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...