Изјава за медиуми по свечената божествена литургија по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ во Соборниот храм во Скопје

7 јануари 2026 | Интервјуа

Новинарско прашање: Што ќе им порачате на граѓаните на големиот христијански празник?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Денеска, кога постојано слушаме „Христос се роди навистина се роди“, тоа не е само обична изјава, туку тоа е едно длабоко потсетување за себе, за најблиските, за државата, за христијаните, дека оваа изјава има длабока тежина и големо значење. Значи дека треба да се потсетиме на она што го означува. А, означува: спремност, способност и желба, човечкото во себе да го разбудиме, а човечкото е секогаш врзано за светлина, за добрина, за надеж, или ако можеби уште подобро може да се објасни – божественото во нас да го разбудиме. И затоа секоја година, како што и архиепископот рече, ние на овој ден фрламе еден поглед кон себе, се оценуваме и се прашуваме дали навистина се однесуваме со верба и со вера во доброто, во убавото, или ако сакате во светлото. Затоа е тоа голем ден и се чини дека зборовите на архиепископот, дека во ова време-невреме, дури и кога нешто не гледаме, треба да веруваме во него, а тоа е повторно доброто, светлото, надежта дека човекот во нас постои, дека еве денеска се потсетуваме на Богочовекот, на Исус Христос, којшто не е само денеска меѓу нас, туку е постојано меѓу нас, за да не потсети за тоа дека неговиот пат е нашиот вистински пат. Гледате колку народ одеднаш се обединува, гледате каква позитивна енергија и мисла има. Јас не видов денеска намуртен човек, сите се насмеани и сите си ветуваат сами себеси дека од денеска па натаму ќе бидат уште подобри, ќе го гледаат кај другиот најдоброто, ќе го потикнуваат кај другиот доброто, ќе трагаат по светлината, односно, ќе трагаат по Бога во себе.

Новинарско прашање: Јас имам едно прашање. Кај кого се падна вчера паричката?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Паричката се падна кај мојата внука. Да, не знам да кажам дали тоа беше случајно, се разбира, на едно дете му треба да верува дека животот е пред него, дека доброто вреди да се учи, се учи, љубовта се учи, доброто се учи, учиме ние да станеме добри луѓе и мислам дека немаше посреќно дете од неа. Се разбира, незината радост, како и денеска нашата радост, овде со дечињата ангелчиња е немерлива.

Новинарско прашање: Да е жива и здрава.

Претседателката Сиљановска-Давкова: Ви благодарам многу. И вие и вашите најблиски да бидат живи и здрави, среќни празници на сите. Ви благодарам за вниманието, мислам дека и вашата улога денеска е неверојатна, дека сте вие таа врска понекогаш меѓу нас и она што треба да го правиме, ако сакате, во добрата мисла, во добрите дела, во потрагата по светлината. Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...