Средба со Лејла Куртов, авторка на изложбата „Руралната жена низ објективот“

21 март 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, денеска ја прими Лејла Куртов, авторка на изложбата „Руралната жена низ објективот“, којашто ќе биде поставена на 22 март во „Оро-радио галерија и бар“, во Скопје.

Презентирајќи ги своите дела инспирирани од секојдневието на руралната жена, Лејла ја нагласи нејзината заложба за надминување на предрасудите и стереотипите, вреднувајќи ја улогата на руралната жена во негувањето на нашата култура и традиција. Фотографиите биле направени во период од 10 месеци, на различни локации во Општина Конче. Откако решила главниот град да го замени со живот на село, Лејла од Скопје се преселила во Конче. Сега работи како воспитувачка во тамошната детска градинка.

На средбата со претседателот Пендаровски, Лејла ја придружуваа уште неколку жени, жителки на општината Конче коишто главно се занимаваат со земјоделство. И тие ги споделија своите животни приказни и истакнаа дека државата го занемарува придонесот на жените од руралните средини во целокупниот развој на општеството.

Поздравувајќи го придонесот на Куртов и на останатите жени во афирмацијата на руралната жена, претседателот Пендаровски ја потенцираше потребата од континуиран ангажман и партнерска соработка на државните институции и граѓанските организации во насока на суштинска поддршка и подобрување на социјалната положба на оваа категорија наши сограѓанки.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...