Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

24 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија.

Почитуван г. Пепо Леви,

Дозволете ми, вам, лично, и на сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија од сè срце да ви го честитам, најсветлиот еврејски празник, Јом Кипур и да ви посакам празничните денови да ги поминете пред се во добро здравје исполнети со среќа, радост и љубов.

Во очи на овој празник на покајанието, искупувањето и помирувањето, уште еднаш да се потсетиме на сите добродетели во човечкиот живот и да даруваме добрина и милосрдие. Еврејскиот народ преживеа неопишлива трагедија која најсурово ја почувствува и македонската еврејска заедница, која за време на холокаустот загуби 98 проценти од својата популација, но го задржа достоинството, интегритетот, хуманоста и човекољубието, простувајќи, но не заборавајќи.

Дозволете на крајот уште еднаш честитајќи го празникот да посакам бериќет и просперитетот на нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија и на сите нејзини граѓани.

G’mar chatima tova.

Стево Пендаровски

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...