Средба на Сиљановска-Давкова со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара

11 септември 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара, која ѝ ја предаде честитката од Неговото Величество Нарухито, Император на Јапонија, упатена по повод 8 Септември-Денот на независноста.

Сиљановска-Давкова се заблагодари за срдечните желби, оценувајќи ги како израз на трајното пријателство и заемното почитување меѓу двете држави.

Амбасадорката информираше за успешното учество на земјава на Осака ЕКСПО 2025 и изрази воодушевување од културно-уметничката програма со којашто бевме претставени пред јапонската јавност на Денот на независноста.Соговорничките се согласија дека познатите оперски уметници Ана и Игор Дурловски со камерниот оркестар „Ајга“, џез-гитаристот Владимир Василевски – Четкар, како Кирил Џајковски и неговиот бенд, автентично ја претставија македонската култура, традиција и модерна уметност.

Според обете, одличната посетеност на македонскиот павиљон на ЕКСПО 2025 е доказ за потенцијалот којшто го имаме, како туристичка дестинација со богато културно, историско и природно наследство.

Реафирмирајќи ја важноста на културната дипломатија, Сиљановска-Давковка изрази задоволство од вниманието што го привлекла изложбата посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге и неговиот план за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година. Таа го поздрави и интересот и посетата на македонскиот павиљон од страна на учениците од средното училиште „Таканава“ во Токио кои го изучуваат македонскиот јазик.

Претседателката се заблагодари за севкупната поддршка и донации од Јапонија и изрази подготвеност за натамошно градење на пријателските врски и продолжување на соработката во рамки на меѓународните организации.

Осврнувајќи се на актуелните случувања на глобално ниво, соговорничките се согласија дека е потребно итно и длабоко реформирање на ОН, заради јакнење на мултилатерализмот за справување со реалните глобални предизвици.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...