Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на конференцијата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“

1 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на 10. меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Северна Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржува денеска во Скопје.

Во своето обраќање претседателката Сиљановска Давкова рече дека во време на големи противречности, нова и длабока меѓузависност на државите, економиите, луѓето и природата, помалите, отворени и од увоз зависни економии, каква што е македонската, диспропорционално ги чувствуваат ефектите од геополитичките ривалства, воените конфликти, преплетените безбедносни, економски, енергетски и еколошки кризи.

Според претседателката, неопходно е да се изнајде модел за амортизирање на шоковите во нестабилен и постојано променлив економски амбиент, а како еден од столбовите на стабилноста во непредвидливи услови ги посочи токму централните банки.

„За да можат успешно да ја реализираат својата важна задача, централните банки мора да бидат независни од централните власти, заради отпорност на политичките влијанија и притисоци, што особено се засилуваат во кризни и изборни години, каква што е оваа 2024-та година, која важи за најизборната во историјата на демократијата. Всушност, независноста им овозможува на централните банки да ја извршуваат својата незаменлива улога во намалувањето на инфлацијата, стабилизацијата на цените и одржувањето на макроекономската стабилност како предуслови за долгорочен економски раст“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Според претседателката, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките на Европската Унија дури тогаш кога, трговската интеграција ќе биде дополнета со политичка, низ процес на европски реформи, со почитување на европските стандарди и критериуми. Како што посочи, интеграцијата ќе ни помогне да изградиме поинклузивно и поправедно општество во кое мажите и жените ќе можат подеднакво да напредуваат врз основа на своето знаење и вештина, односно стручност и компетентност.

„Нам, за жал, неправедно ни се скратува правото на напредок и тоа, не поради Копенхагенските критериуми, туку поради барањата од некои соседи за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

„Како последица на оваа неправда, младите, кои се нашиот клучен двигател на економијата, се иселуваат. За да го спречиме губењето на највредниот ресурс-младите, од европските партнери очекуваме разбирање и деблокирање и дебилатерализација на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на правото и правдата, односно европските принципи и вредности, утврдени во уставните акти. Само целосно интегриран во Европската Унија, Балканот, наместо Ахилова пета, ќе стане еден од стожерите на стабилност на Европа“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Посочи дека е време за реформа на меѓународниот монетарен систем, констатирајќи дека помалите држави треба да се вклучат на порамноправен начин во него.

Навраќајки се на нејзиното минатонеделно учество на Самитот на иднината во Њујорк и зборовите на Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш дека не можеме да градиме иднина за нашите потомци со помош на систем изграден пред 79 години, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека е потребно преиспитување и трансформација на секој сегмент од меѓународниот поредок, вклучително и меѓународниот монетарен и финансиски поредок воспоставен на конференцијата во Бретон Вудс во далечната 1944.

„Како прва македонска претседателка, верувам дека промените ги засегаат и жените и дека жените се не само за промени во ООН, туку и за реформа на меѓународниот монетарен и финансиски поредок“, рече претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање.

Претходно, претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со Алфред Камер, директор за Европа во Меѓународниот монетарен фонд, на која се разговараше за севкупната соработка и активностите на фондот во нашата држава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски

Сиљановска-Давкова ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција. На средбата беа разменети мислења за...

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на XX Конференција на претседатели и спикери на Парламенти на земјите учеснички во Јадранско-јонската иницијатива, чиј домаќин е македонското Собрание во својство на претседавач на земјава со инцијативата за...

Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата, којшто годинава под слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“ се одржува од 23 до 29 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во своето обраќање,...

ПОВИК ЗА АКРЕДИТИРАЊЕ – Официјална посета на претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан

ПОВИК ЗА АКРЕДИТИРАЊЕ – Официјална посета на претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан

Ве известуваме дека на 29 април 2026 година, среда, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 27 април...

Сиљановска-Давкова го прогласи за отворенo 27. Светско првенство во ракомет за средношколци

Сиљановска-Давкова го прогласи за отворенo 27. Светско првенство во ракомет за средношколци

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје го прогласи за отворено 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, на коешто учествуваат околу 700 млади ракометарки и ракометари од 20 држави од светот. [gallery...