Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Милатовиќ на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ

27 јуни 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Подгорица, Црна Гора, со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Претседавањето на Република Северна Македонија со ПСЈИЕ започнува на 1 јули 2023 година.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски.

Почитуван претседателе Милатовиќ,

Почитувани претставници на медиумите,

Најпрво дозволете ми да изразам голема благодарност до нашиот домаќин, претседателот Милатовиќ и до целиот тим, за посветеноста за време на црногорското претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа, и за срдечниот прием што го имавме овде, во Подгорица.

Ние сме следниот претседавач со Процесот и во оваа прилика сакам накусо да ги споделам со вас приоритетите на нашиот мандат.

Со оглед на војната во Украина, која е несомнено, огромен предизвик за европскиот континент и пошироко, но и постојните предизвици кои произлегуваат од нерешените прашања во нашиот регион, како идни претседавачи ќе се фокусираме на принципите наведени во основачките документи на оваа иницијатива, кои во голема мерка се релевантни и денес: добрососедски односи, стабилност, безбедност и интеграција на нашите земји во европското семејство на слободни и демократски народи.

Слоганот на македонското претседавање со Процесот за соработка е: „Премостување на поделбите, градење доверба“. Мислам дека во таа смисла сме прилично квалификувани ако се имаат во предвид сите договори и компромиси кои ги направивме и внатре во земјата, но и со нашите соседи со цел да напредуваме кон Европа.

За време на нашиот мандат ќе вложиме максимални напори преку дијалог и меѓусебно разбирање и почит да ги искористиме сите можности и дојдеме до поголема регионална стабилност и просперитет.

Владеење на правото, промоција на човековите слободи и права, а особено борбата против корупцијата ќе бидат меѓу приоритетите на нашата агенда, исто така и енергетската безбедност на Југоисточна Европа, транс-европските транспортни коридори и културната размена меѓу народите.

Клучен предуслов за напредок и демократија во регионот е неговото интегрирање во Европската Унија и во тој контекст би сакал да ја поздравам неодамнешната изјава на претседателката на Европската Комисија за новиот План за развој на Западниот Балкан каде што главната заложба е идните членки на Унијата да почувствуваат дел од придобивките на членство и пред формално да станат членки.

Уште еднаш, голема благодарност до нашите домаќини, и до сите наши колеги.

Се гледаме догодина во Скопје.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности - Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка на...

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...