Средба на претседателот Пендаровски со победниците на македонското суперфинале на „НАСА спејс апс челинџ 2023“

3 ноември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Млади Хаб, се сретна со тимот „Лаигорианс“ (Laigorians), победници на годинашното македонско суперфинале од хакатонот „НАСА спејс апс челинџ 2023“, во организација на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за проектот, со кој учесниците го освоија првото место, што со помош на вештачка интелигенција, користејќи реални податоци од сателити на Националната аеронаутичко-вселенска управа (НАСА), овозможува мониторинг, менаџирање и навремена реакција при појавата на шумски пожари.

Споделувајќи ги импресиите и стекнатите искуства од учеството на годинашниот меѓународен предизвик за вселенски апликации, победничкиот тим, се осврна на мотивот за избор на областа во која беше развиена апликацијата, што треба да помогне во заштитата на животната средина.

Годинашниот хакатон, што се одржуваше 72 часа, беше можност кодери, научници, дизајнери, креатори и технолози од целиот светот, да се здружат и да користат отворени податоци, од НАСА и нејзините партнери, создавајќи решенија за главните предизвици на глобално ниво.

Упатувајќи честитки за постигнатите исклучителни резултати, претседателот Пендаровски им посака успех во нивниот следен предизвик – меѓународниот натпревар во САД, на кој ќе учествуваат тимови од целиот свет.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...