Претседателот Пендаровски ја посети семејната фарма „Четирце“ во општина Куманово

8 март 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска, во село Четирце општина Куманово, ја посети фармата на семејството Димковски.

Во разговорот со младата претприемачка Сања Димковска, претседателот Пендаровски беше запознаен со капацитетите на фармата, начинот на одгледување на животните и пласманот на нивните производи.

Споделувајќи ги досегашните искуства, Сања посочи дека пред неколку години решила да се откаже од тогашната професија и да се посвети на домашниот бизнис, да продолжи по стапките на родителите кои околу две децении се занимаваат со сточарство. Нејзиниот современ пристап, преку непосредна комуникација и дигитален маркетинг, придонел за значително зголемување на продажбата. Со традиционалниот метод на одгледување кокошки на отворени пасишта, фармата „Четирце“ најчесто и не ја задоволува побарувачката.

Препознавајќи го интересот за проверени и здрави прехранбени продукти, освен примарната живинарска и свињарска дејност, Димковски, во текот на изминатава година, започнале и да приготвуваат и да продаваат домашна храна.

Нагласувајќи го придонесот на жените претприемачки од руралните средини, претседателот Пендаровски изрази задоволство што примерот на Сања поттикнува и охрабрува млади луѓе да веруваат во својот потенцијал и да дадат значаен придонес во нашето општество.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...