Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ во Тетово

18 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во Тетово во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

Заедно со министерот за здравство д-р.Фатмир Меџити, заменик – министерката за здравство Маја Манолева и со в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување, Асаф Абдурамани, претседателот Пендаровски ја посети Клиничката болница – Тетово и оствари средба со генералниот медицински директор, проф. д-р. Илир Демири и со дел од медицинскиот и менаџерскиот персонал во установата.

Претседателот Пендаровски беше информиран за тековните активности за реновирање на интернистичките амбуланти, за набавката на нова медицинска опрема и за осовременувањето на хируршките сали во Ургентниот центар. На средбата беше изразено задоволство од силната заложба на надлежните институции за подобрување на болничките услови и здравствената услуга за граѓаните од Тетово, од регионот, но и од целата земја. Во оваа насока соговорниците разговараа и за итната потреба од вработување на нов медицински кадар, како во болницата во Тетово, така и во болниците во Штип и Битола.

При обиколката на болницата, претседателот Пендаровски го посети новиот оддел за Онкологија, којшто од денеска е пуштен во употреба, рентген одделението во кое се инсталирани два софистицирани дигитални рентген апарати и мамомат, реновираната амбуланта, како и новите простории со кои значително се прошируваат капацитетите за хоспитализација, терапија и третман на пациентите.

Во Тетово претседателот се сретна со дел од членовите на неформалната група „Чкрап“, фотографи кои со силен ентузијазам опстојуваат две децении. Претставниците на фото-групата, во која низ годините минале близу 80 фотографи, ги споделија своите активности во насока на афирмација на овој вид уметнички израз. Презентирајќи мал сегмент од нивниот импресивен опус, фотографите го информираа претседателот Пендаровски дека секоја година, реализираат изложби на слободна тема во кои честопати учествуваат и дела на наши иселеници – членови на „Чкрап“.

Претседателот Пендаровски го посети и домот на познатата тетовска фамилија Палоши. На средбата претседателот го нагласи придонесот на истакнати поединци од ова семејство кои оставиле траен белег во тетовскиот културно-историски и архитектонски развој. Презентирајќи го нивниот конак со музејска вредност, изграден пред два ипол века, домаќините се осврнаа на блиското минато кога објектот бил живеалиште за многу генерации Палоши.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...