Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари

17 октомври 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија.

На средбата, претседателот Пендаровски беше запознаен за активностите и заложбите на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари во насока на истакнување на лабораториската дејност како важен сегмент од лабораториската дијагностика. Во тој контекст, претставниците на сојузот информираа за реализираните едукативни настани и програми кои имаат за цел да се унапреди, промовира и поткрене лабораториската пракса на повисоко ниво. Тие ги споделија впечатоците и за одржаните јубилејни 50-ти Октомвриски средби кои се реализираа со меѓународно учество, а претставуваат настан со посебна важност за лабораториските работници, како и за Априлските средби кои се одржуваат во чест на Светскиот ден на лабораторија.

Претседателот Пендаровски истакна дека придонесот на медицинските лаборанти и санитарни техничари во рамки на целокупниот здравствен систем e од суштинско значење и ја нагласи важноста на нивната работа за квалитетна и навремена грижа за пациентите.

На средбата, претставниците на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари му врачија благодарница на Претседателот Пендаровски за неговата досегашна, континуирана поддршка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...