Порака од претседателката Сиљановска Давкова по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

3 декември 2024 | Обраќања

Почитувани,

Меѓународниот ден на лицата со попреченост нè потсетува на нашата обврска да изградиме општество на еднакви можности, каде поддршката и разбирањето се темел на секојдневната посветеност за интеграција на лицата кои своите способности ги изразуваат на различен, но подеднакво значаен начин.

Овие личности се неразделен дел од раскошниот мозаик на нашето општество. Со своите уникатни начини на манифестирање на знаењето, енергијата, креативноста и талентот, зрачат непроценлива вредност и додаваат посебна димензија во нашето секојдневие. Нивната видливост и активна вклученост во процесите на одлучување е нужна, оти никој не може подобро и посилно да ги застапува нивните интереси од нив самите.

Хуманизмот и солидарноста, темелни вредности на уставниот поредок, нè обврзуваат да ги гледаме различностите како извор на сила и прогрес, а не како ограничување. Македонија, како социјална држава, ја втемелува својата визија врз постулатите на еднаквост и правда за сите граѓани. Затоа, правичната и соодветна застапеност мора да се однесува и на лицата со попреченост.

Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, којашто нашата држава ја има потпишано и ратификувано, не е само правен документ, туку и завет за целосна инклузија и активно учество на овие лица во сите сфери на општествениот живот.

Нека 3 Декември биде симбол на надеж и повик за создавање инклузивна заедница, каде секој глас ќе биде слушнат, секое право заштитено, а секоја можност подеднакво достапна за сите. Само така, Македонија ќе биде пристојно место за живеење, просперитетна држава и дом на среќни и достоинствени граѓани!

Гордана Сиљановска Давкова 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез. Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на...

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља. Во своето обраќање, таа ја...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на ООН ќе се одржи во...

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain's Career Course“во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Република Латвија Едгарс Ринкевичс на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, на којашто искажаа задоволство од развојот на билатералните односи. Тие...