Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

17 март 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на македонската заедница во Статутот на Автономната Покраина Војводина и воведување на македонскиот јазик во службена употреба во неколку населени места.

Соговорниците изразија загриженост заради алармантниот пад на бројот на македонско малцинство, од речиси 26 илјади во 2002-та година, на помалку од 15 илјади во 2022-ра година, како и намалувањето на говорителите на македонскиот јазик, од повеќе од 14 илјади на само 8375, во истиот период.

Според претставниците на Советот, со сличен демографски проблем, се соочуваат и другите малцинства, како последица на: засилената емиграција, намалениот наталитет и демографското стареење.

Тие ја информираа претседателката за донесувањето на новата Стратегија на Македонскиот национален совет 2026-2030, во којашто акцентот е ставен на образованието на македонски јазик и го поздравија донесувањето на владината Стратегија за дијаспората 2026-2030.

За претседателката, преку учењето, говорот и творењето на мајчин македонски јазик, не се пренесува само знаењето, туку се развива чувството на национална припадност и самосвест.

Истовремено, таа ја поздрави одлуката на покраинската влада на Војводина за издвојување средства за работата на Македонскиот национален совет.

Според претседателката, Македонците во Србија придонесуваат за добрите односи меѓу двете држави. Таа изрази поддршка на Свечена академија по повод 80-годишнината од организираното доселување на Македонците во Република Србија, како и откривањето на скулптурата „Мајка Македонија“ од македонскиот реномиран вајар Синиша Новески, во Нови Сад.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Нивните имиња се трајно врежани во македонската колективна меморија: Александар Алексов Сара Алексова Стефанија Алексова Ице Андонов Ивона Антова Мартин Атанасовски Владимир Блажев-Панчо Тоше Богданов Ѓорѓи Василков Иван Величков Ѓорѓи Величков Леонид Велков Игор...

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, што се одржа денеска во Скопје во организација на Владата. Според претседателката,...

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео порака се обрати на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката...

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош “, „Петар Поп Арсов“ и од „Гоце...

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. [gallery...