Официјална посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

20 јули 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 21 јули 2026 година, вторник, ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму која ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Индиската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките.

Предвидено е претседателката на Република Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

ПРОГРАМА: вторник, 21 јули 2026 година, Скопје

  • 10:30 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести,
  • 10:40 часот – Тет-а-тет средба,
  • 11:00 часот – Пленарен состанок на делегациите,
  • 11:35 часот – Прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму,
  • 12:00 часот – Положување на венец на гробот на Гоце Делчев од страна на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму.

Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во Вила Водно, Кабинет на Претседател во 09:45 часот.

Попладнето, на 21 јули 2026 година, вторник, со почеток во 17:00 часот ќе се одржи македонско-индиски бизнис форум, организиран од страна на Кабинетот на претседателот во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на бизнис форумот, на којшто ќе се обратат претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму, ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјава.

Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во хотел „Хилтон“, Скопје, во 16:30 часот.

На вториот ден од официјалната посета – 22 јули 2026 година, среда, обете претседателки ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

ПРОГРАМА: среда, 22 јули 2026 година, Скопје

  • 09:30 – Посета на Спомен-куќата на Мајка Тереза,
  • 10:00 – Церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди (Музеј на град Скопје).

Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во 09:15 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и во 09:45 часот во Музејот на град Скопје.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.

Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во 15:15 часот – (Горна Порта), Охрид.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...