Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 29 јануари 2024 година, понеделник, на свечена церемонија со почеток во 19:00 часот ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.
Церемонијата ќе биде директно пренесувана на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот.
Покануваме медиумски екипи во Филхармонија во 18:30 часот.