Претседателката разговараше со претставниците на Националната Алијанса за ретки болести на РМ

28 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со претставниците на Националната Алијанса за Ретки Болести на РМ – НАРБМ: Ребека Јанковска Ристески, од здружението „Дајте ни Крилја“, Верче Јовановска Јанковска, од здружението „ХАЕ Македонија“, Александар Петровски, од здружение „РАСТ“ и Симона Јовевска, од здружението „СТОП СМА“.

Во фокусот на разговорот беа предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат лицата коишто живеат со некоја ретка болест. Соговорниците ја информираа претседателката дека како резултат на досегашната работа се избориле за терапија за сите пациенти за чија болест има лек.
Но и натаму, како што истакнаа тие, остануваат нерешени бројни бариери во образованието и во социјалната сфера. На луѓето кои имаат некоја ретка болест, како што рекоа, им недостига мултисистемска поддршка – пристап до образование, можности за вработување и достоинствена работа, вклученост во сите текови во општеството. Велат, луѓето со ретки болести не сакаат да бидат само пациенти, туку сакаат да бидат корисни и да придонесуваат за заедницата.
Претседателката посочи дека недозволиво е за овие луѓе и нивните проблеми да се зборува само еднаш годишно, на 28 февруари – Меѓународниот ден на ретки болести. Затоа, смета таа, лицата со ретки болести треба и мора да бидат порадикални за да ја зголемат својата видливост. А за да бидат перцепирани како фактор којшто мора да се земе предвид, неопходно е да делуваат заеднички.
Институциите, пак, истакна претседателката мора повеќе да имаат слух и разбирање за тоа што им е потребно на луѓето коишто живеат со ретка болест. „Тоа е инклузивност, да прифатиме дека овие луѓе ги изразуваат своите способности на малку поразличен начин“, укажа претседателката.
Како можни решенија коишто произлегоа од разговорот е да се создаде Национална стратегија за ретки болести којашто во себе ќе вгради системски решенија и гаранции за пристап до образование, социјални услуги, можности за вработување и пристојна работа, а којашто ќе биде резултат на дискусија во Собранието коешто е дом на демократијата.
Во недостиг на лични асистенти, соговорниците гледаат решение во волонтерството. Како пример беше посочен случајот со САД. Имено, децата во средните училишта, како резултат на часовите посветени на волонтирање, добиваат бодови кои потоа влијаат на нивната оценка.
Претставниците на Националната Алијанса за ретки болести исто така бараат да се воведе неонатален, односно скрининг на бебето штом се роди, како алатка за откривање на одредени ретки болести.
Потенцирајќи дека луѓето со ретки болести секогаш ќе ја имаат нејзината поддршка, на емотивната средба претседателката истакна дека овие луѓе не смеат да бидат оставени сами на себе.
Инаку, Националната Алијанса за ретки болести во себе обединува 15 здруженија на граѓани и поединци. Нејзините активности се во насока на подобрување на квалитетот на живот на семејствата и пациентите кои се соочуваат со ретки болести.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...