Претседателката разговараше со претставниците на Националната Алијанса за ретки болести на РМ

28 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со претставниците на Националната Алијанса за Ретки Болести на РМ – НАРБМ: Ребека Јанковска Ристески, од здружението „Дајте ни Крилја“, Верче Јовановска Јанковска, од здружението „ХАЕ Македонија“, Александар Петровски, од здружение „РАСТ“ и Симона Јовевска, од здружението „СТОП СМА“.

Во фокусот на разговорот беа предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат лицата коишто живеат со некоја ретка болест. Соговорниците ја информираа претседателката дека како резултат на досегашната работа се избориле за терапија за сите пациенти за чија болест има лек.
Но и натаму, како што истакнаа тие, остануваат нерешени бројни бариери во образованието и во социјалната сфера. На луѓето кои имаат некоја ретка болест, како што рекоа, им недостига мултисистемска поддршка – пристап до образование, можности за вработување и достоинствена работа, вклученост во сите текови во општеството. Велат, луѓето со ретки болести не сакаат да бидат само пациенти, туку сакаат да бидат корисни и да придонесуваат за заедницата.
Претседателката посочи дека недозволиво е за овие луѓе и нивните проблеми да се зборува само еднаш годишно, на 28 февруари – Меѓународниот ден на ретки болести. Затоа, смета таа, лицата со ретки болести треба и мора да бидат порадикални за да ја зголемат својата видливост. А за да бидат перцепирани како фактор којшто мора да се земе предвид, неопходно е да делуваат заеднички.
Институциите, пак, истакна претседателката мора повеќе да имаат слух и разбирање за тоа што им е потребно на луѓето коишто живеат со ретка болест. „Тоа е инклузивност, да прифатиме дека овие луѓе ги изразуваат своите способности на малку поразличен начин“, укажа претседателката.
Како можни решенија коишто произлегоа од разговорот е да се создаде Национална стратегија за ретки болести којашто во себе ќе вгради системски решенија и гаранции за пристап до образование, социјални услуги, можности за вработување и пристојна работа, а којашто ќе биде резултат на дискусија во Собранието коешто е дом на демократијата.
Во недостиг на лични асистенти, соговорниците гледаат решение во волонтерството. Како пример беше посочен случајот со САД. Имено, децата во средните училишта, како резултат на часовите посветени на волонтирање, добиваат бодови кои потоа влијаат на нивната оценка.
Претставниците на Националната Алијанса за ретки болести исто така бараат да се воведе неонатален, односно скрининг на бебето штом се роди, како алатка за откривање на одредени ретки болести.
Потенцирајќи дека луѓето со ретки болести секогаш ќе ја имаат нејзината поддршка, на емотивната средба претседателката истакна дека овие луѓе не смеат да бидат оставени сами на себе.
Инаку, Националната Алијанса за ретки болести во себе обединува 15 здруженија на граѓани и поединци. Нејзините активности се во насока на подобрување на квалитетот на живот на семејствата и пациентите кои се соочуваат со ретки болести.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателката Гордана Сиљановска–Давкова до граѓаните

Обраќање на претседателката Гордана Сиљановска–Давкова до граѓаните

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните, по повод трагедијата што рано утрово се случи во Кочани. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.  Почитувани сограѓани, Сите сме во шок, и самата сум...

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 12. Глобален форум во Баку, на сесијата на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. Таа повика на суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции...

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченото отворање на 12. Глобален форум во Баку, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ се одржува од денеска до 15 март во Баку, Република Азербејџан. Таа оцени дека Глобалниот...

Претседателката Сиљановска-Давкова во Баку се сретна со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов

Претседателката Сиљановска-Давкова во Баку се сретна со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари средби со претседателката на Националното Собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов. [gallery...

Претседателката Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот АДА во Баку

Претседателката Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот АДА во Баку

Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето предавање вчера попладне пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, за време на нејзината официјална...