Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

22 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера го посети Њу Џерси.

Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, претседателот Пендаровски го посети училиштето за деца со попреченост „Џеси Џеј Каплан“, каде што се запознаа со организацијата, методите и работењето на училиштето во кое се комбинирани високо образовни стандарди, медицински сестри и терапии, со цел учениците со попреченост целосно да ги остварат своите потенцијали. На средбата со раководството на училиштето беше разговарано за важноста од инклузивното образование, состојбата и можностите во однос на обезбедување на соодветни и стимулативни средини за образование на децата со попреченост.

Во Њу Џерси претседателот Пендаровски ја посети и компанијата „Фаст Пек Трејдинг“, во сопственост на Иванчо Ивановски, при што беше запознаен со функционирањето и развојот на компаниите, соработката што ја остваруваат и условите за работа во американското општество.

Претседателот Пендаровски оствари средба со истакнати припадници на бизнис заедницата и македонската дијаспора од Њу Џерси, како и средба со македонски професионалци од Њујорк, на коишто беше запознаен со нивните тековни активности и учеството во општествениот, економскиот, културниот и политичкиот живот на САД.

Во разговорите со нив, претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава е горда на успесите на македонската заедница во САД.  Тој посочи дека како етаблирани членови на американското општество, претставниците на македонската дијаспора, имаат значајна улога во унапредувањето на севкупните билатерални односи, застапување на интересите и афирмација на нашата држава.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...