Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова прими новинарска делегација од Турција

20 декември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими новинарскa делегација од Република Турција, членови на Глобалниот совет на новинари, кои престојуваат во земјава по повод 21 декември, Денот на наставата на турскиот јазик.

На средбата, соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски земји, за статусот на турската заедница, како и за важноста на новинарството – еден од клучните столбови на демократијата и општествениот развој.

Претседателката Сиљановска-Давкова во разговорот порача дека ја почитува улогата на новинарите во борбата против патријархалната и парохијалната политичка култура, потенцирајќи дека тие се рендген, микроскоп и чувар на демократијата. Во таа насока, таа ги реафирмираше нејзините заложби, што ги имаше уште како пратеничка во Собранието, за декриминализација на делата клевета и навреда за новинарите.

Разговарајќи за мултикултурализмот во земјава, претседателката рече дека концептот на бинационална држава не е добро решение и дека тн. помали заедници, вклучувајќи ја и турската заедница, треба да имаат поголема улога, бидејќи тие се клучот за меѓусебното разбирање.

„Фактите се дека турската заедница е доказ дека е во континуитет дел од македонското мултиетничко општество и дека имала, има и треба да има важно место во заедницата, таква каква што имала во 1944 година“, истакна претседателката Сиљановска-Давкова.

Истакнувајќи дека Турција била, е, и ќе остане пријател и сојузник на нашата држава, претседателката истакна дека во услови на мултиполарен свет треба да се надмине евроцентризмот, да се почитува турскиот републиканизам и влијанието што преку Турција може да се реализира во азискиот свет.

Претставниците од турските медиуми изразија големо задоволство од можноста за средба со претседателката, како и задоволство од севкупниот третман на турската заедница и правата кои ги ужива во земјава.

Тие се заблагодарија за соработката што ја остваруваат со македонските медиуми и националниот сервис, која претставува мост за размена на информации, културни вредности, позитивни приказни и промовирање на меѓусебното разбирање.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација на Македонската алијанса за европска интеграција

Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација на Македонската алијанса за европска интеграција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија, предводена од нејзиниот претседател, Васил Стерјовски. Претставниците на единствената политичка...

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Упатувајќи честитки до Цуцковски по повод неговиот избор за директор на овој реномиран меѓународен фестивал,...

Претседателката Сиљановска-Давкова во Штип на одбележување на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Претседателката Сиљановска-Давкова во Штип на одбележување на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, денеска во Штип го посети Универзитетот „Гоце Делчев“. ...

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 153-годишнината од неговото раѓање. [gallery...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со истакнати научници – носители на престижни признанија

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со истакнати научници – носители на престижни признанија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими професорите – добитници на признанието за посебен придонес за развој на научноистражувачката дејност и интернационализација и афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2022 и 2024 година....