Претседателот Пендаровски учествуваше на дебатата „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“

4 март 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на он-лајн дебата на тема „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“, во организација на Европската младинска мрежа за демократија, а во рамки на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование и Меѓународниот републикански институт.

Истакнувајќи дека одливот на мозоци е процес којшто не може целосно да биде запрен, претседателот Пендаровски на дебатата рече дека сепак мора да се работи во насока на намалување на бројот на млади кои се отселуваат од земјата.

Економската состојба, политичката клима во државите од регионот, партизацијата на институциите и корупцијата, според претседателот Пендаровски, придонесуваат за одлуката на младите луѓе да заминат од своите земји.

Претседателот Пендаровски посочи на потребата за сеопфатен пристап кон прашањето, кое ќе го опфати општеството како целина. Дополнително, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на улогата на младите. Тие, според него, треба критички да размислуваат и да ја мониторираат работата на политичарите. Активирајќи се во општеството, младите, додаде претседателот Пендаровски, со свои предлози треба да придонесуваат кон решавање на проблемите со коишто се соочуваат.

Државата од друга страна, како што потенцираше претседателот Пендаровски, своите политики треба да ги креира во согласност со реалните потреби на младите и првата шанса за професионална реализација да ја добијат во својата земја.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...