Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

25 јули 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер во Вила Билјана во Охрид ги врачи сертификатите на учесниците на третото издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“ што се одржа под негово покровителство.

Целта на проектот е стекнување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе од нашата земја и од македонската дијаспора, како и поттикнување на интересот за СТЕМ едукацијата и за кариерен развој во овие области. Темата на годинашниот камп е  „Енергија – СУПЕР МОЌНОСТ “, со примарен фокус на одржливо справување со енергетските предизвици во реалниот свет користејќи Lego модели и Fable компоненти за решавање на реалните проблеми.

Годинава 25 учесници на возраст од 10-15 години имаа можност да ги надградат своите вештини за кодирање и роботика, и низ тимска работа да ги споделуваат своите идеи и стекнати искуства. Во еднонеделната наставна програма беа вклучени 12 учесници од Република Северна Македонија и 11 од дијаспората, Соединетите Американски Држави, Република Словенија, Република Кипар и Република Хрватска. Приоритет, и овој пат се даде на апликанти од социјално ранлива категорија, запазувајќи ја родовата, територијалната, рурално-урбаната застапеност и ентичката припадност.

Освен образовната компонента, кампот им овозможи на учесниците да создаваат нови контакти и пријателства, да ги истражуваат локалните природни убавини, нашето културно наследство и традиција.

Во рамки на свеченоста, споделувајќи ги впечатоците и вештините од годинашната обука учесниците имаа можност да ги презентираат реализираните проектни решенија.

Поздравувајќи го придонесот на организаторите и партнерите за успешната реализација на наставната програма, претседателот Пендаровски изрази задоволство за годинашниот зголемен број на учесници. Во таа насока ja нагласи вредноста на кампот кој континуирано им овозможува на младите да ги развиваат своите таленти и потенцијали, да ги реализираат визиите и плановите, но и да комуницираат и стекнуваат пријателства.

Програмата е организирана од Македонија 2025, а во партнерство со Амбасадата на САД во Северна Македонија, Млади Инженери, МАСИТ, Brainster, iSourse, Охридско лето, Алкалоид, Триглав осигурување, Костал, itLabs, Винчини, Бар&Брекфаст, Фруктал и други индивидуални поддржувачи од земјава и од дијаспората.

Пред почетокот на свеченоста на врачување на сертификатите, учесниците имаа можност да ја разгледаат претседателската „Вила Билјана“ и подетално да се запознаат со историјатот и нејзината намена, да ги посетат работните простории на претседателот Пендаровски, да се информираат за неговата работа, активности и надлежности.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности - Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка на...

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...