Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева.
Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија како правник и магистер по Европско право и интеграции, Петрушевска Томева потенцираше дека пишувањето за неа е најбезбедното место и посочи дека сака да пишува во повеќе жанрови, односно поезија, драма, книги за деца, романси, трилери. Од нејзиното творештво се издвојува романот „Сагата за Рајна“.
Говорејќи за навиките и желбата на помладите, но и на повозрасните читатели, Петрушевска Томева посочи дека во последниве неколку години трендот се менува и расте интересот на публиката, освен од странски, да читаат дела и од домашни, македонски автори.
Во оваа насока претседателот Пендаровски искажа поддршка за поттикнување на издаваштвото на македонските автори. На тој начин, посочи тој, писателите ќе бидат мотивирани да творат и зад себе да остават траен белег.